Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Жан Митрев дава силна поддршка: Клиниката подготвена за комплексни трансплантациски операции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Жан Митрев дава силна поддршка: Клиниката подготвена за комплексни трансплантациски операции
ЗДРАВЈЕ

Д-р Жан Митрев дава силна поддршка: Клиниката подготвена за комплексни трансплантациски операции

Објавено February 21, 2026 18:33
Сподели
Сподели

Д-р Жан Митрев ја дава својата целосна поддршка за иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи дека ова е заложба која ја поддржува уште од самиот почеток на својата професионална работа, веќе повеќе од 26 години. На јавната панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“, која се одржа во Битола, д-р Митрев нагласи дека целта мора да биде трансплантацијата да стане рутинска и секојдневна пракса во земјава, заложба што, како што посочи, ја носи со себе повеќе од 26 години. Според него, темата не е само медицинска, туку длабоко човечка: зад секој пациент што чека орган има семејство што живее во неизвесност, денови што се бројат со надеж и страв, и едно единствено прашање, дали ќе стигне шансата навреме.

фото: Клиника „Жан Митрев“

Токму затоа органодарителството е чин на највисока солидарност и одлука што не спасува „еден живот“, туку може да врати иднина на повеќе луѓе одеднаш. Во таа насока, бројот на пациенти на кои може да им се помогне е голем, а кардиоваскуларната патологија е меѓу водечките области, и од аспект на можност за донори и од аспект на потребата за организиран, мултидисциплинарен пристап. Истовремено, нагласи дека тимот на Клиника Жан Митрев е целосно подготвен за вакви операции, но дека за успех е неопходна тесна соработка и заедничко делување на институциите и струката, бидејќи се работи за комплексни пациенти кои бараат покривање од повеќе медицински дисциплини – поради што, како што истакна, ова е добра иницијатива што тој максимално ја поддржува“, истакна д-р Митрев.

Панел-дискусијата „Органодарителство во Македонија“ беше посветена на надежта, солидарноста и човечноста и отвори суштински теми поврзани со органодарителството, законот и правата, медицинските факти и дилеми, животните приказни на пациенти кои чекаат орган, како и искуствата на оние кои го дочекале повикот за трансплантација. Во рамки на настанот се отвори и прашањето за верата и органодарителството преку ставовите на верските заедници.

фото: Клиника „Жан Митрев“

Со учество на врвни лекари, трансплантациски експерти и координатори, како и трансплантирани пациенти и претставници од верските заедници, настанот испрати силна порака дека органодарителството е чин кој спасува животи и дека се потребни знаење, доверба и системска поддршка за трансплантацијата да стане реална и достапна можност за пациентите во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако се реализира процесот на постепена интеграција и станеме дел од ЕУ, Бугарија нема да може да стави вето – смета Мицкоски
Следна Статија Обичаи што треба да се почитуваат за Прочка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо

Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на бендот ДНК, кој имаше тешки повреди и беше хоспитализиран во болницата…

May 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три намирници го зголемуваат нивото на кортизол во крвта

Кортизолот, често познат како „хормон на стрес“, игра клучна улога во одговорот на телото на стрес. Кога сме под стрес,…

January 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар бекап за клинички…

February 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два протеини се клучни: колаген и еластин. Овие два…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?