Д-р Лазаров: Македонците во Европа се за секое поздравување, во голем број се активни насекаде каде има пациенти од Кочани по болниците во странство

- Advertisement -

Д-р Ненад Лазаров со пофални зборови за македонската дијаспора, која се вклучи со помош за семејствата на повредените пациенти кои беа сместени во клиниките ширум светот.

„Ве молам без непотребни паники и драми, не е фер, од повеќе причини:

1. Државата целосно им ги покрива трошоците за пат, смештај и таму превоз на 2ца придружба на секој пациент, повеќе контакти во сликата.

2. Пациентите се третираат бесплатно по центрите и нема трошоци никакви за третман

3. Македонците во Европа се за секое поздравување, во голем број се активни насекаде каде има пациенти по болници, им се обезбедува од храна до дополнителен смештај па и пари им помагаат. Читам некаде гладни биле пишал некој, срамота е, нема таков случај ви тврдам дека е шпекулација.

4. Само Црвен Крст има преку 45 милиони во моментов, кај нас на Екрауд 4 милиони, тек ќе бидат помогнати луѓето.“, напиша тој на фејсбук.

Сподели ја оваа статија