Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Ѓуроска: Голем ризик за децата од хроничната изложеност на чад од депонии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Ѓуроска: Голем ризик за децата од хроничната изложеност на чад од депонии
ЗДРАВЈЕ

Д-р Ѓуроска: Голем ризик за децата од хроничната изложеност на чад од депонии

Објавено September 11, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Докторката Биљана Ѓуроска, која професионално работи како хомеопат, сподели кратка инфомативна објава за последиците од хронична изложеност на чад од депонии со оглед дека главниот град Скопје, изминатиот период се соочува со аерозагадување предизвикано од пожари на депонии.

– Пред сѐ нема безбедно ниво на изложеност на PM2.5 честичките, секое ниво и време на изложеност претставува ризик, а децата се особено ранлива група, вели на почетокот на објавата докторката.

Ова се податоците кои ги сподели таа:

– Физиолошки фактори: Белите дробови и имунолошкиот систем сè уште се развиваат. Дишењето е побрзо од возрасните → поголем внес на загадувачи по телесна тежина.

– Долготрајна изложеност на PM2.5 и токсични гасови (метан, јаглерод моноксид, диоксини, полициклични ароматични јаглеводороди):

– Зголемен ризик од астма, хроничен бронхитис и инфекции на дишните патишта.

– Воспалителни процеси што можат да доведат до намален белодробен капацитет уште во детството.

– Невролошко влијание: Отровните соединенија (олово, тешки метали и органски токсини) можат да поминат преку крвно-мозочната бариера, предизвикувајќи нарушувања во когнитивниот развој, внимание и учење.

– Имунолошки ефекти: Хроничното воспаление и оксидативниот стрес водат до зголемена подложност на алергии и автоимуни состојби.

– Кардиоваскуларни ризици: Иако ретки во младоста, раната изложеност создава предуслов за атеросклероза и срцеви заболувања во зрелоста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НАСА откри можни докази за древен живот на Марс
Следна Статија Ќе важат и за македонските државјани: Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12-ти октомври

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти од пожарот во Кочани

Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција, каде информираше…

March 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Јапонската амбасада донираше мобилен рентген апарат на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска појасни…

August 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус,…

August 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Извршниот директор на Abivax вели дека големите фармацевтски компании не можат да го игнорираат неговиот експериментален лек

Акциите на Abivax ги намалија добивките откако Министерството за финансии на Франција изјави дека не е контактирано од Eli Lilly…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?