Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип
ЗДРАВЈЕ

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Објавено October 10, 2024 17:53
Сподели
Сподели

Министерството за здравство соопшти дека од денеска, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.

Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип, а од МЗ посочуваат дека континуирано го зголемуваат бројот на обезбедени вакцини.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM.

На тој начин, секој граѓанин директно се регистрира за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс лицата кои ќе се пријават ќе добијат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.

Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи:  повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

ОД МЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали навивачите на Интер се поврзани со италијанската мафија „Ндрангета“?
Следна Статија Пожар во воз кој превезувал европратеници за Брисел, евакуирана железничката станица во Стразбур

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела

Пикот на грипот се очекува кон крајот на следната недела алармираат докторите. Болничките кревети на Инфективна клиника се полни, речиси…

February 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Редовно јадете ореви за да бидете попаметни

Изборот на појадок може да ја подобри функцијата и способностите на мозокот, според новите испитувања, се чини, особено ако во…

February 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и…

April 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган

Проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, во “Добриот доктор” на Сител говореше за историјатот на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?