Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Формирана стручна комисија за тригодишното дете од Кавадарци кое почина на пат кон Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Формирана стручна комисија за тригодишното дете од Кавадарци кое почина на пат кон Скопје
ЗДРАВЈЕ

Формирана стручна комисија за тригодишното дете од Кавадарци кое почина на пат кон Скопје

Објавено June 9, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Комисија составена од кардиолози, ендокринолози и специјалисти од оддел за интензивна нега и терапија ќе го истражуваат случајот со тригодишното дете од Кавадарци кое минатата недела почина на пат до скопските клиники.

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди дека докторите кои ќе го истражуваат случајот се повикани веднаш да почнат со работа. Комисијата ќе треба да утврди дали имало лекарски пропуст во лекувањето на детето.

  • Комисијата има за задача да изврши надзор над стручната работа во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, а во врска со лекувањето и третманот на починатото дете од Кавадарци. За извршениот надзор, горенаведената Комисија, во рок од осум дена од денот на завршувањето на надзорот над стручната работа, доставува извештај за надзорот до заменик министерот за здравство. – Министерство за здравство.

Здравствениот инспекторат кој минатата недела изврши контрола врз здравствените установи каде детето било третирано не утврди пропусти во делот на нивните надлежности, но иницираше комисија која ќе го истражи и стручното работење на здравствените работници кои биле вклучени во лекувањето.

Семејството претходно обвини дека лекарите не доволно сериозно ја сфатиле состојбата на детето и побара истрага од здравствените власти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица
Следна Статија „Мислам дека тука е маленкото“, им рекол Кешишев на полицајците кога дошле до дупката каде била закопана Вања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нискиот крвен притисок може сериозно да го загрози вашето здравје

Се смета дека притисокот е низок кога горниот е 90, а долниот е 60 mm/Hg. На луѓето кои отсекогаш го…

November 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Предлог-законот за заштита од пушење не претставува удар по угостителството, велат од Министерството за здравство

Пушењето е личен избор на граѓанинот, но заедничкиот затворен простор кој се користи од страна на целиот колектив не смее…

January 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Реновирани се шест од планираните десет операциони сали на хируршките клиники

Шест реновирани хируршки сали се отворени денеска на Хируршките клиники во Клинички центар „Мајка Тереза“, со што според директорот на…

April 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?