Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со трансплантација на рожници на Клиниката за очни болести се отвора нова страница во развојот на трансплантационата медицина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Со трансплантација на рожници на Клиниката за очни болести се отвора нова страница во развојот на трансплантационата медицина
ЗДРАВЈЕ

Со трансплантација на рожници на Клиниката за очни болести се отвора нова страница во развојот на трансплантационата медицина

Објавено December 29, 2025 11:12
Сподели
Сподели

Во ноември годинава, беше извршена прва трансплантација на рожница во Македонија во јавното здравство. На Клиниката за очни болести беа изведени девет трансплантации на рожница, под менторство на медицинска делегација од Универзитетот Дјук од САД, една од водечките светски институции во клиничката медицина. Од изведените интервенции, според медицинска индикација, две беа направени со методата ДМЕК – најсовремена техника при која се трансплантира само еден микронски слој од рожницата, што првпат се изведе во нашата земја, и останатите седум беа пенетрантни кератопластики (ПРК), првпат во јавното здравство по половина век.

Со трансплантација на рожници на Клиниката за очни болести во Скопје се отвора нова страница во развојот на трансплантационата медицина. Првпат во историјата на македонското здравство, на месечно ниво се извршува по една, па и повеќе нови хируршки интервенциии, што претставува најдобра потврда дека нашиот здравствен систем ги следи и имплементира најсовремените дострели во хирургијата. Воедно, ова е показател за развиените човечки и технички капацитети на системот, кои се подготвени да спроведуваат најсофитицирани хируршки зафати, велат од Министерството за здравство.

Трансплатациите беа реализирани од тимот на Клиниката за очни болести: директорката д-р Наташа Трпевска-Шекеринов, доц. д-р Христијан Дума, прим. д-р Бисера Велковска, асс. д-р Ана Трпеска-Бошкоска, анестезиолозите д-р Катерина Аспроска-Блажевска и д-р Ангелина Трајчевска, анестетичар Канита Арифи, како и медицинските сестри и инструментарки дипл. мс. Билјана Трајчева, мс. Тамара Тасевска, дипл. мс. Суреја Идризи, дипл. мс. Марина Трајковска и целиот персонал на клиниката.

Започнувањето на ова поглавје е резултат на едногодишна, темелна и посветена подготовка започнувајќи од организирањето на националната листа на чекање, усогласувањето на протоколите и административните процедури, до создавање партнерство со Универзитетот Дкук. Верувавме дека нашата земја има потенцијал за современа трансплантација на рожници и денес тоа го покажуваме со првите успешни трансплантации“, вели националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска.

Според директорката д-р Трпевска-Шекеринов, ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за македонското јавно здравство, за нивната институција, но пред сѐ за пациентите кои имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман.

„Партнерството со Универзитетот Дјук, нивната донација на ткива и директната соработка во оперативните сали создадоа силен темел за натамошен развој на програмата“, смета директорката.

Во декември на Клиниката за ортопедија успешно се изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти.

Во Центарот за спинална хирургија на ТОАРИЛУЦ успешно се изведоа четири интервенции под надзор на реномираниот проф-д-р Уфук Ајдинли, ортопед-трауматолог од Бурса, Турција. Исто така, во соработка со проф. Уфук извршена е првата операција на дете со ретка конгенитална деформација на ТОАРИЛУЦ – комплексна хируршка интервенција кај 4-годишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет.

Во рамки на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од Европската Унија, организирана обука за здравствени работници за унапредување на системот за трансплантација.

Посетата на Марге Мартјак, експерт за ткивни банки и супстанции од човечко потекло на банката за ткива во Централната болница Талин – Исток во Естонија, донесе серија обуки за лекари, медицински сестри и биолози. Обуката опфати протоколи за набавка, контрола на квалитет, складирање и микробиолошко тестирање на ткива, додаваат од Министерството за здравство.

Беа извршени две трансплантации – на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено .

На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми. Станува збор за операција која за првпат во Македонија е изведена со примена на интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија.

Оваа иновација е значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство. Примената на интраоперативната флуоресцентна видеоангиографија ја зголемува безбедноста на пациентите и ја подобрува ефикасноста на хируршките интервенции.

Современата медицина повеќе не е привилегија, таа станува достапна во јавното здравство. Се воведуваат нови интервенции кои менуваат и спасуваат животи, велат од Министерството за здравство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Serial entrepreneur and 2nd Wind founder Dick Enrico dies at 85 – Star Tribune
Следна Статија Откажете се од бесплатните апликации – поседувајте Microsoft Office само за 35 долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Зошто некои забрзано стареат?

Ново истражување на австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ посочува научно објаснување дека стареењето не секогаш е постепен процес и во одредени…

November 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

 Граѓаните почнаа да му пишуваат на министерот Алиу: Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир…

July 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФДА планира да го промени процесот на одобрување вакцини, тврдејќи дека Covid-19 вакцините предизвикале детски смртни случаи

Висок функционер од Агенцијата за храна и лекови во петок најави дека агенцијата ќе го промени процесот на одобрување вакцини,…

December 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Објавен извештајот за починатото бебе

Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево излезе со информација за спроведениот вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести, Клиниката…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?