Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еве зошто не треба да возите со повеќесезонски гуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Еве зошто не треба да возите со повеќесезонски гуми
ЗАБАВА

Еве зошто не треба да возите со повеќесезонски гуми

Објавено July 17, 2026 11:52
Сподели
Сподели

Гумите за сите сезони (All-weatheр) стануваат сè поголем тренд на возачите. Со нивно користење се намалува потребата за нивна замена двапати во годината. Заштедуваат време и пари за сезонска монтажа, со редовно одржување. Според производителите на гуми, редовната ротација на тркалата меѓу предната и задната оска игра значајна улога во нивната издржливост и трајност.

Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото. Кај автомобилите со преден погон, кои се најзастапени на патиштата, предните гуми го поднесуваат најголемиот товар, управувајќи со него, сопираат и ја пренесуваат силата на моторот на коловозот. На тој начин доаѓа до значително побрзо трошење на предните од задните гуми. Ова директно ја загрозува безбедноста при возењето, пренесе магазиниот Феникс.

Според германскиот автомобилски клуб АДАЦ, се препорачува ротација на гумите за сите сезони по приближно 10.000 до 15.000 изминати километри.

„Возачите кои најчесто возат на кратки релации, низ град или управуваат со потешки возила, како што се електричните автомобили, треба почесто да ги проверуваат и ротираат гумите, советуваат од клубот, нагласувајќи дека начинот на ротација зависи од нивниот дизајн.

– Доколку се заменуваат само две гуми, а не сите четири, новите гуми секогаш треба да се монтираат на задната оска. Постарите гуми, доколку сè уште имаат доволна длабочина на шарата, се преместуваат на предната оска, препорачуваат експертите. Оваа практика е важна за одржување на стабилноста на возилото, велат тие, додавајќи дека сето тоа е важно за безбедноста при користење на возилото.

Освен ротација, потребна е проверка на притисокот на гумите еднаш месечно, особено пред подолги патувања. Неправилниот притисок не само што предизвикува побрзо и нерамномерно трошење на гумите, туку директно влијае и на сопирањето, како и на зголемена потрошувачка на гориво.

– Редовна проверка е потребна и на длабочината на шарата. Законскиот минимум во повеќето европски земји изнесува 1,6 милиметри, но целогодишните гуми, особено пред почетокот на зимската сезона треба да се заменат порано, препорачуваат експертите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што ќе значат новите пресметки за јулската плата?
Следна Статија СДСМ, ДУИ и Левица мислат дека ако глумат жртви ќе им донесе политички поени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Три хороскопски знаци кои ќе заработат многу пари ова лето

Астролозите предвидуваат дека летото 2026 година ќе донесе силни финансиски промени, а посебен пресврт се очекува на крајот на јули,…

June 7, 2026
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Џеј Ло пееше во Ријад и ги воодушеви обожавателите

Џенифер Лопез (55) имаше спектакуларен настап на ревијата 1001 Seasons of Elie Saab, која се одржа во главниот град на…

November 15, 2024
ЗАБАВА

Пронајдена човечка вилица стара 1,8 милиони години во Грузија

Археолози во Грузија открија човечка вилица стара 1,8 милиони години, за која се верува дека му припаѓала на рана форма…

August 27, 2025
ЗАБАВА

Принцот Вилијам би можел да стане крал порано од очекуваното?

Според анализите на светските медиуми, изгледа дека британското кралско семејство се подготвува да се соочи со нова криза, па дури…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?