Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мислеле дека не е жив: Водич на Монт Еверест преживеал шестдневната голгота, јадел чоколадо и џвакал мраз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Мислеле дека не е жив: Водич на Монт Еверест преживеал шестдневната голгота, јадел чоколадо и џвакал мраз
ЗАБАВА

Мислеле дека не е жив: Водич на Монт Еверест преживеал шестдневната голгота, јадел чоколадо и џвакал мраз

Објавено June 6, 2026 12:33
Сподели
Сподели

Непалски водич Дава Шерпа кој беше пронајден како ползи по Монт Еверест шест дена откако последен пат беше виден жив, изјави за Би-Би-Си дека преживеал „џвакајќи мраз“ и јадејќи неколку чоколадни плочки што ги нашол во џебот.

Водичот вели дека не „исчезнал“ за време на спуштањето, туку бил принуден да „остане зад другите“ откако му снемало кислород. Се претпоставувало дека е мртов на планината, а неговото семејство во главниот град на Непал, Катманду, веќе почнало да ги извршува последните обреди кога екипа за чистење на планината го забележала како „се лизга надолу“ кон базниот камп.

Тој бил префрлен со хеликоптер во болница во Катманду, каде што разговарал со Би-Би-Си додека примал третман за дехидрација.

„Не мислев дека ќе останам жив, мислев дека ќе умрам тука “, изјави тој за Би-Би-Си Непал. 

Водичот рекол дека неговите проблеми започнале кога му снемало кислород.

„Кога снема кислород, не можев да одам. Првите два дена не јадев ништо. Потоа почнав да џвакам мраз. Ме болеа забите. Силно го гризев.“ изјавил тој.

Подоцна пронашол неколку чоколадни плочки во џебот и успеал да стопи малку мраз за да може да пие нешто.

Полека продолжил со спуштањето, но потоа паднал во ледена пукнатина. Бил заробен во неа два и пол дена, не можејќи да најде излез.

Потоа лавина го урнала снегот во пукнатината и му ја дала првата надеж по многу денови.

„Станав на снегот, станав и погледнав нагоре… Почувствував дека можам да излезам оттаму“, изјавил тој за Би-Би-Си.

Кога се извлекол, пронашол јажиња кои му помогнале да продолжи со спуштањето по највисоката планина во светот.

Уште една лавина му се заканила на напредокот, но тој не се откажал.

„Поминав низ снегот и продолжив да се спуштам. Одев цела ноќ. А потоа се приближив до базниот логор.“

Веста дека преживеал предизвика шок и воодушевување.

За време на овогодишната сезона на искачување на Еверест, загинаа пет лица, додека од 20-тите години на минатиот век, откако се водат евиденции, загинаа повеќе од 300 лица.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Совети од ендокринолог: Четири чекори како да јадеме благо без да се дебелееме
Следна Статија Отворено прво психолошко советувалиште за деца и адолесценти во земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Шер со корекција на лицето, фановите шокирани

Легендарната икона на светската музичка сцена Шер се прошета на модната писта на ревијата на Викторија Сикрет, а нејзиниот изглед…

October 16, 2024
ЗАБАВА

Знаци кои најлошо се однесуваат под стрес

Додека некои знаци се функционални, собрани и рационални под притисок, други се претвораат во црвено знаме што оди. Не затоа…

February 11, 2026
ЗАБАВА

Почина славниот моден дизајнер Џорџо Армани

Џорџо Армани, еден од најголемите модни визионери на 20. и 21. век, почина денеска во 91-та година од животот, пренесува…

September 4, 2025
ЗАБАВА

Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка и добиле 500.000 евра

Французин ги повика да му се јават двајцата крадци кои ја искористиле неговата украдена картичка за да купат инстант лотарија…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?