Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи како одговор на мерките на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи како одговор на мерките на Трамп
СВЕТ

Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи како одговор на мерките на Трамп

Објавено April 7, 2025 22:07
Сподели
Сподели

Европската комисија предложи воведување на одмазднички царини од 25 отсто за низа американски производи како одговор на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум, јави Ројтерс повикувајќи се на документ до кој добила пристап агенцијата, пренесува БТА.

Според документот, дел од царините ќе стапат во сила на 16 мај, а остатокот на 1 декември.

Списокот на производи опфатени со мерката е разновиден и вклучува дијаманти, јајца, колбаси, живинско месо и други производи. Царините за бадеми и соја ќе се применуваат од декември.

Еврокомесарот за трговија, Марош Шефчович, претходно денеска изјави дека предложените контрамерки ќе имаат помало економско влијание од првично проценетата вредност од 26 милијарди евра (28,45 милијарди долари).

Од почетниот список се отстранети бурбон, вино и млечни производи. Комисијата во март разгледуваше можност за 50 отсто царина на американскиот бурбон, што доведе до закана од Трамп за воведување на 200 отсто одмазднички царини на алкохолни пијалаци од ЕУ — закана што особено ги загрижи Франција и Италија поради нивната силна винска индустрија.

Покрај новите мерки, ЕУ од 1 април ги зајакна постојните заштитни мерки за челик, со цел да го намали увозот за 15 отсто, а разгледува и можност за квоти на увоз на алуминиум.

Земјите-членки на ЕУ треба да гласаат по предлогот на 9 април.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ромите не се „малцинство“, туку народ со богата традиција, со музика, со јазик, со историја, традиција, обичаи
Следна Статија (ВИДЕО) Бил Гејтс: На децата ќе им оставам 1% од богатството, сакам сами да се изборат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

АфД не може да се класифицира како „екстремистичка“- пресуди Управнот суд во Келн

Германското разузнавање во моментов не може да ја класифицира крајно десничарската партија Алтернатива за Германија –АфД (AfD) како „докажано екстремистичка“,…

February 26, 2026
СВЕТ

(Видео) Голем руски напад врз Киев, најмалку 14 загинати, меѓу нив и Американец

Најмалку четиринаесет лица загинаа, а 40 се повредени по руски ракетен и беспилотен напад врз Киев во текот на ноќта.…

June 17, 2025
СВЕТ

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на…

April 22, 2025
СВЕТ

Ирански медиуми: Техеран го отфрла предлогот на Трамп

Иран го разгледа предлогот на Доналд Трамп и „смета дека барањата се прекумерни“, изјавил официјален претставник цитиран од иранската државна…

March 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?