Европската асоцијација на аеродроми предупреди на ризикот од „системски недостиг“ на керозин доколку поморскиот сообраќај кон Ормутскиот теснец не се обнови во следните три недели, според писмо до кое АФП имаше увид во петокот.
Во тоа писмо упатено до Европската комисија, објавено од Фајненшл тајмс, лобистичката организација на европските аеродроми ACI Europe тврди дека „системскиот недостиг на керозин ќе стане реалност“ во Европската Унија „доколку сообраќајот низ Ормутскиот теснец не продолжи на стабилен и значаен начин во следните три недели“.
Асоцијацијата, која претставува околу 600 аеродроми во околу 50 земји, бара од Брисел „итно следење на достапноста и снабдувањето“ во текот на следните шест месеци, со оглед на тоа што цената на керозинот драстично се зголеми поради војната на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец.
Лобијата, исто така, бара олабавување на европското законодавство, особено она поврзано со намалувањето на емисиите на метан во енергетскиот сектор.
