Еден загинат во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен

- Advertisement -

Едно лице загина а две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот Битола – Ресен кај месноста викана Макази.

Од ударот на лице место починал 46 годишникот, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило БМВ се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Сообраќајот од м.в.Макази до с.Ѓавато е пренасочен по стариот пат.

Сподели ја оваа статија