Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина Феликс, кучето кое крвнички беше претепано и малтретирано од постар скопјанец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина Феликс, кучето кое крвнички беше претепано и малтретирано од постар скопјанец
ХРОНИКА

Почина Феликс, кучето кое крвнички беше претепано и малтретирано од постар скопјанец

Објавено January 8, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот на Феликс, тој сепак нè напушти и си го најде конечно својот вечен мир, соопштија предмалку од ЈП „Лајка“.

Станува збор за кучето кое пред два и пол месеци беше крвнички претепано со метална шипта и влечено од страна на маж.

Иако дојде со тешки повреди како сенка од куче, поразено од животот и од човечката бруталност и суровост, тој се бореше со сите можни сили, јуначки до самиот свој крај, давајќи ни верба дека можеби ќе успееме заеднички во оваа незвозможна мисија. Од самото влегување на Феликс во нашето прифатилиште до денес, неговото заздравување беше неизвесно и променливо.

Покажуваше бројни подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови Феликс доби напад кој за него беше фатален како резултат од многу здравствени компликации.
Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за прват беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен.
Од срце сакаме да ви заблагодариме на сите вам кои бевте инволвирани директно или индиректно во приказната и животот на Феликс давајќа му ја сета потребна поддршка.
Феликс ќе остане симбол на борбеноста која ги обедини нашите граѓани, поттикнувајќи емпатија чие влијание сè надеваме дека долго ќе не обединува, а нејзината моќ ќе нè води сите нас кон креирање што поголема благосостојба на бездомните животни, велат од „Лајка“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло, објави Вечер.мк
Следна Статија (ФОТО) Спречени обиди за криумчарење на пиротехнички материјали, лекови и фалсификати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Повредени седум лица по судар на четири возила во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Pаланка во атарoт на…

December 27, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Македонски возач уапсен во Грција, по сообраќајка во која загинаа татко и син

Невидена семејна трагедија се случи попладнево на стариот магистрален пат Солун – Верија, кога патничко возило во кое патувало четиричлено…

June 29, 2025
ХРОНИКА

Детали за новата акција на МВР, со закани изнудиле 300.000 евра од едно лице

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и…

August 5, 2025
ХРОНИКА

Струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски…

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?