Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еден загинат и тешко повреден тинејџер во директен судир на експресниот пат Штип – Велес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Еден загинат и тешко повреден тинејџер во директен судир на експресниот пат Штип – Велес
ХРОНИКА

Еден загинат и тешко повреден тинејџер во директен судир на експресниот пат Штип – Велес

Објавено October 12, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал маж, а 18-годишно момче е тешко повредено. Увид направила екипа на СВР Штип, потврдија за МИА од МВР. На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.

Како што информираат за МИА од Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци кај силосите.

Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.

По укажаната прва медицинска помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.

Екипа на СВР Штип прави увид на местото по што ќе бидат соопштени детали за несреќата.

Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес е во прекин во двата правца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грчки државјанин уапсен на Богородица по барање на Интерпол Романија
Следна Статија „Каурски п..ки“, „добро е да се биде Албанец“ извикуваа „Балистите“ во Тетово по победата над Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осум дена притвор за 43-годишниот родител кој нападна две деца од „Брегалница“ на фудбалскиот меч со „Шкупи“

Осум дена притвор доби 43-годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу…

August 25, 2025
ХРОНИКА

Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази

На денешното судење за случајот „Адитив“, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека, Обвинителството истакна дека има цврсти…

May 29, 2025
ХРОНИКА

Сведочи адвокатот на Палчо: Ми рече „Знаев дека ќе наместат“

Васко Стојков, адвокатот што го возеше Љупчо Палевски – Палчо, сведочејќи на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Трагедија во Гостивар: Усмртен велосипедист, уапсен возач

Полициски службеници од ОВР Гостивар денеска околу 13 часот го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?