Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази
ХРОНИКА

Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази

Објавено May 29, 2025 17:56
Сподели
Сподели

На денешното судење за случајот „Адитив“, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека, Обвинителството истакна дека има цврсти докази и дека ќе ја докаже вината. Во воведниот збор на судењето што се одржа во дигиталната судница при КПУ Идризово, Обвинителството нагласи дека покрај вината за кривичните дела, ќе ја докажат и институционалната распаднатост во АД ЕСМ.

-Покрај тоа што ќе го докажеме сторувањето на кривичните дела, ќе ја докажеме и моралната и институционална распаднатост во АД ЕСМ во период кога обвинетите управувале со правното лице. Пред нас стои организирано и злосторничко здружување на кое државата им го доверила производството на електрична енергија. Наместо чесно да ја исполнат својата должност и да се оддолжат на државата што им поклонила верба да раководат, избрале да злоупотребат. Ова е удар врз граѓанинот кој со секоја платена сметка верува дека системот за производство на електрична енергија функционира, рече обвинителката Наташа Поп Трајкова.

Дополни дека ќе се докаже и дека најавениот адитив предизвикал и штетни последици по здравјето на граѓаните.

-Ќе докажеме дека јавниот интерес бил свесно запоставен, а набавениот адитив предизвикал и штетни последици по здравјето на граѓаните. Набавката на адитив немала за цел да се обезбедат услови, туку да се стекне противправна имотна корист, дополни таа.

Случајот „Адитив“ се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Обвинети се над 30 физички лица и пет правни лица, меѓу кои и високи службеници од енергетскиот сектор. Обвинети во случајот се Васко Ковачевски, Васко Стефанов, Маја Јорданова, Адријан Муча, Данчо Стојановски, Небојша Стојановиќ, Пеце Матевски, Милица Стојановиќ, Пецо Стојановски, Мирко Стојановиќ, Ранко Стојановиќ, Драган Силјановски, Пеце Чалески, Зоран Наумовски, Снежана Макариоска, Мира Василевска, Владо Мицески, Стојан Мицкоски, Неџбудин Нуредини, Драган Чакароски, Дијана Савеска, Влатко Алексовски, Александра Стојановска, Игор Алексовски, Велимир Алексовски, Сузана Алексовска, Тошо Матески, Златко Трпески, Васко Јосифовски и Александар Пасков.

На обвинетиот Ковачевски ќе му се суди во отсуство бидејќи е недостапен за органите на прогон. Додека, за обвинетиот Саша Крстевски, судот денеска донесе одлука постапката да се води одвоено, поради здравствени причини.

Обвинети се и пет правни лица помеѓу кои „Хем Алијанс ДООЕЛ Неготино“, „Дади Трејд ДООЕЛ Велес“, „Контракси компани“ и стоматолошка ординација од Велес. Нивните претставници денеска, исто така, изјавија дека правните лица немаат вина.

Следното рочиште е закажано за 26 јуни во 9:30 часот. Процесот го води судијката Даниела Димовска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Лидл“ е во процес на воспоставување на соработка со македонски компании
Следна Статија Мицкоски: Ви ветувам дека ќе се грижам за учениците и во Норово и во Лешок и во гимназијата Кирил Пејчиновиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Насилно влегол во планинарскиот дом „Караџица“ и предизвикал пожар

На 06.12.2024 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 30.11.2024 до 06.12.2024 непознат сторител со…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Паланчанец возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне бил запрен од полиција поради тоа што возел во спротивен…

April 20, 2026
ХРОНИКА

Голем пожар во Вардариште, поради ризик исклучена струјата во делови на Аеродром, Ново Лисиче и Гази Баба

Голем пожар во близина на Вардариште предизвика прекин на струјата во делови од Аеродром, Ново Лисиче и Гази Баба  Граѓаните…

June 12, 2025
ХРОНИКА

Кривичен суд: Судот не е виновен за црните сообраќајни точки, не може судија да претпостави дека обвинетиот ќе изврши друго кривично дело

Основниот кривичен суд Скопје, во кој судијката Даниела Алексовска-Стојановска на неосудуваниот 20-годишен Васил Јованов му изрекла пресуда – упатување во Воспитно-поправен дом за продажба на дрога –…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?