Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еден милион евра грант од Кралството Шпанија за Охридско езеро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Еден милион евра грант од Кралството Шпанија за Охридско езеро
МАКЕДОНИЈА

Еден милион евра грант од Кралството Шпанија за Охридско езеро

Објавено February 20, 2025 19:04
Сподели
Сподели

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.

Меџити во текот на состанокот го информирал амбасадорот Ортиз за приоритетите на Владата и Министерството за животна средина а разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.

Меџити изјави дека нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани.

Во рамките на билатералната соработка со Кралството Шпанија, шпанската влада даде техничка помош со грант од приближно 1 милион евра, за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро, за што Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити му се заблагодари за поддршката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грипот не попушта – ризичните групи најмногу на удар!
Следна Статија (ВИДЕО) Разговор со премиерот Христијан Мицкоски на Атлантскиот совет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите

Нема правна или политичка гаранција што може да и се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади…

March 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот директор на СОЗР како лажен новинар присуствувал на меѓувладина седница во Софија

По денешната кривична пријава од Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, против поранешниот директор на…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Не очекува потопло и посушно лето

Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски го коментира Самитот во Брисел: Подготвен сум да разговарам за план којшто ќе не однесе до крај

Оставете ја емоцијата, оставете ги билатералните прашања коишто предизвикуваат емоција, ајде да зборуваме за билатерални соработки, од коишто ќе имаме…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?