Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Општина Аеродром испитува дали „Зимзоленд“ има одобрение за поставување урбана опрема
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Општина Аеродром испитува дали „Зимзоленд“ има одобрение за поставување урбана опрема
МАКЕДОНИЈА

Општина Аеродром испитува дали „Зимзоленд“ има одобрение за поставување урбана опрема

Објавено December 14, 2025 09:54
Сподели
Сподели

По наводите дека „Зимзоленд“ работи без потребната дозвола, Општина Аеродром, на чија територија е поставен забавниот парк, соопшти дека во тек е инспекциска постапка за утврдување на околностите кои исклучиво се однесуваат за одобрението за поставување урбана опрема на оваа локација.

Постапувањето на инспекциските служби на Општина Аеродром започнало пред точно две недели, на 28 ноември.

„По целосно завршување на постапката, од страна на Општината ќе бидат преземени соодветни мерки што произлегуваат од законите доколку за тоа постои утврдена основа“,се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека земјиштето на кое е лоциран забавниот парк е во приватна сопственост и додаваат дека Општината не е ниту организатор ниту учесник во активностите на „Зимзоленд“.

Претходно  градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека инспектори во координација со Државниот пазарен инспекторат и МВР спровеле акции на „Зимзоленд“ при што било утврдено дека Град Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност, а дополнително се констатирани повеќе неправилности.

„Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од Општината да постапи согласно законските регулативи“,објави Ѓорѓиевски.

Од „Зимзоленд“ потврдија дека во забавниот парк се вршат инспекциски надзори, но ги демантираа наводите во дел од медиумите дека паркот ќе биде затворен.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп бара од Украина да предаде територии- Киев со контрапредлог
Следна Статија (ФОТО) Објавени нови фотографии со Епштајн со Трамп, Клинтон и Гејтс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бидете внимателни: Ќе има времен режим на овие автопатски делници

Времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година се воведува на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Опасност од уривање карпи во Матка, движењето по патеката е забрането

Општина Сарај објави дека движењето по патеката Матка е забранет поради опасност од уривање на карпи. Според општината, одлуката е…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Весна Дамева со чанта вредна над 3.000 евра додека пратениците ѝ гласаа недоверба

На вчерашната седница во Собранието за интерпелација на петмината членови на Судскиот совет, беше изгласена недоверба на Весна Дамева, поранешната…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет повеќе немаат никаков кредибилитет да продолжат со работа

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес одговори на новинарското прашање за очекувањата, по изгласувањето на интерпелациите за…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?