Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка
МАКЕДОНИЈА

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Објавено April 26, 2025 18:19
Сподели
Сподели

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад во Струмица беше донесена од храмот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

Пред поголем број верници и граѓани се одржа молебен, а поздравно слово одржа Епископот Стобиски Јаков.

Излишни се сите зборови во оваа светла седмица, којашто ние ја сметаме како еден ден кој не завршува и тоа не е било каков ден, туку осмиот невечерен ден, ден којшто нема да дочека ден, кој секогаш ќе биде осветлуван од светлината на Христовото воскресение. Со Христос воскресе ние кажуваме се што имаме да кажеме. Тој восклик е експресија на сите наши очекувања, на сите наши надежи, смисла на нашето постоење, на нашиот живот, оти ако Христос не воскреснеше залудна ќе беше нашата вера и ние ќе бевме едни од најбедните луѓе на овој свет, рече Епископот Стобиски Јаков.

На Литијата и претходеше богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“. По завршувањето на молебенот Иконата беше однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде е оставена за поклонение на верниците.

Пред осум години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска
Следна Статија Oткако и одзедоа бодови Воска се повлече од Првата лига

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“

Невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде синоќа до 22:00 часот…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, одговори Тошковски на нападите од ДУИ, СДСМ и Левица

По вчерашните синхронизирани напади од страна на ДУИ, СДСМ и Левица, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговори со обемен…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот кај Бешиште, Мариово

По околу две недели под контрола е ставен пожарот кај Бешиште, Мариово до грчката граница. Заменик-командирот во прилепската противпожарна единица,…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?