Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
ХРОНИКА

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата

Објавено February 24, 2026 19:31
Сподели
Сподели

Еден тон марихуана е запленет во складиште на фирмата „Грин лајф“ во валандовското село Јосифово, една од шесте компании на кои им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, потврдија за МИА од МВР.

По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Валандово, денеска извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село Јосифово, велат од МВР.

„Грин лајф“ се занимава со одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за употреба во фармацијата, а операцијата е дел од континуираните акции за запирање на илегалната трговија со дрога.

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција соопшти дека на шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, поради констатирани низа недоследности во работењето.

Покрај на „Грин лајф“, одземени им се лиценците и на компанијата „Алфафам“, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа на „ЦБД медплант“, „Лајф плант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“.

Со одлука на Владата надлежните започнаа контроли во сите 43 компании кои имаат дозволи за одгледување медицински канабис, по заплената на над 40 тони марихуана од неколку компании пред две недели.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влезниците за Македонија-Луксембург по цена од 150 и 200 денари
Следна Статија Комбинацијата од овие три состојки гo уништува дури и најлошиoт бигор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обдукцијата е нецелосна, нема анализа за цијанидни гасови, велат родители на загинатите во „Пулс“

Родителите на загинатите во т.н. кабаре „Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи на надлежните институции за причините за смрт на…

December 25, 2025
ХРОНИКА

Тетовец загина во тешка несреќа кај Скудриње, сопругата му е тешко повредена

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње. Портпаролот на…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Во тек голема полициска акција во Тетово и Охрид, има приведени

Припадници на специјалните полициски сили од утрово спроведуваат акција во Тетово и Охрид. -Под раководство на јавен обвинител од Основното…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Малолетен возач и двегодишно девојче меѓу повредените во сообраќајна несреќа

Вчера во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?