Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цитроенот на Панче бил стар и со голем гепек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Цитроенот на Панче бил стар и со голем гепек
ХРОНИКА

Цитроенот на Панче бил стар и со голем гепек

Објавено October 14, 2024 18:55
Сподели
Сподели

Во Основен кривичен суд Скопје во врска со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеа и ќерката на Панче, Ана Киркова, и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков. На прашања на обвинителката Жаклина Лазаревска, Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека Жежовски го нема, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Ана Киркова е една од трите деца на Жежовски, таа на денешното сведочење изјави дека сосетка на татко ѝ ја информирала дека тој не е достапен веќе подолго време

– Утрото околу 10 часот ми ѕвонеше на телефон негова комшивка ми кажа ѕвонам, го барам татко ти не се јавува. Велам од кога. Таа кажа од средата веќе може 40 пати ѕвонела. Па добро, си велам можеби не сакал да ѝ се јави, рече таа.

Дополни дека потоа почнала и таа да ѕвони, но тој не се јавувал и го испратила нејзиниот сопруг кој работел во близина да провери.

– Почнав и јас да ѕвонам, не се јавува, си велам низ двор си работи. Потоа повторно јас ѕвонев, не се јавуваше. Уште во 16 кога завршив со работа, се преиспитував што може да се случи, но си велам ајде ќе одиме околу 18 часот и 40 минути почнав да се облекувам. Отидовме во станица, кажавме дека татко ми од средата на неговиот телефонски број не се јавува, рече таа.

Прашана дали ѝ е познато дека Панче имал комуникација со некој од обвинетите, таа одговори дека имал комуникација со Велибор Манев.

– Во 2007 го изнајми Велибор Манев да работи во куќата кај нас. Рече дека му е добар пријател, каменорезец. Мислам дека живее на пет минути со кола од кај нас, рече таа.

За татко ѝ посочи дека живеел скромно од својата пензија.

– Беше вреден човек. Имаше еден спор со Велибор Манев, настана поради тоа што, по укажувањата на татко ми, Велибор дошол, си ги земал коцките, нешто не испаднало како што треба, рече таа.

Прашана за возилото Цитроен, одговори дека било старо и со голем багаж.

Во однос на идентификацијата на нејзиниот татко, одговори дека таа не го идентификувала.

– Татко ми беше фрлен кога го видовме во вреќа, јас и сестра ми бевме во капела, сопругот го идентификуваше, јас не можам да гледам лик, рече таа.

На прашањата на првообвинетиот Љупчо Палевски, таа одговори дека немала сознанија дали нејзиниот татко имал контакти со него.

– Не сте ми познат, јас не ве познавам, рече таа.

Нејзиниот сопруг, Тодор Кирков, изјави дека кога дознал дека се случува нешто, отишол да провери во куќата.

– Кога ми се јави сопругата, бев на работа, отидов кај него дома, бев во дворот да ја побарам колата, во дворот не беше колата, ми го прати клучот синот по такси. Греалката работеше, многу беше топло, рече тој, дополнувајќи дека го побарале на друго место, но, бидејќи го немало никаде решиле да пријават во полиција.

Прашан каков човек беше Панче Жежовски, одговори дека бил, како што рече, „добар, нормален, колку што знам не се караше со никого“.

И Кирков посочи дека имал сознанија дека Панче имал некаков спор со Манев во врска со дворот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на средба со Олаф Шолц: Разговаравме за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ
Следна Статија Коста раскажа како го зел оружјето од татко му: Шифрата лесно ја пробив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсениот во Грција е Ацо Боцевски викан „Циганот“: Беше во бегство од 1998-ма година

Грчката полиција го уапси Ацо Боцевски викан Циганот, по 27 годишно бегство. Осуден е на 15 години затвор за убиство…

May 26, 2025
ХРОНИКА

„Пази што зборуваш да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето

За првпат во судница сведочи Гоце Трајковски, пријател на Александар, таткото на Вања. Тој кажа дека не познава ниту еден…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во штала

На 27.12.2024 година во 11:40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Росоман во близина на игралиштето во помошна…

December 29, 2024
ХРОНИКА

Детали за акцијата: Уапсени вкупно 6 лица за криминал во РЕК Битола

Вкупно 8 лица се осомничени во последната акција на Финансиската полиција и битолското Обвинителство, дознава Press24 од извори во истрагата.…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?