Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови
ХРОНИКА

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Објавено October 3, 2025 17:56
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот ја тепал и ја давел вонбрачната партнерка по што таа паднала во несвест, а другиот случај е во Мирковци каде осомничениот ја тепал поранешната сопруга со тупаници.

На 25 септември, во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно насилство, осомничениот телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и целото тело, па во еден момент почнал да ја дави. Оштетената изгубила свест и и биле нанесени повеќе телесни повреди.

Против друг осомничен, поведена е постапка за истото кривично дело, бидејќи вршел семејно насилство на 1 октомври во селото Мирковци, каде телесно ја повредил неговата поранешна брачна партнерка. Откако дошол во домот и ја известил поранешната сопруга дека решил да остане таму, таа го замолила да си замине. Но, тој одбил, по што почнал физички да ја напаѓа, влечејќи и тегнејќи ја за рацете, удирајќи и тупаници, од кои удари оштетената се здобила со повреди.

Во двата случаи, јавниот обвинител предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомничените, поради околности кои укажуваат на опасност од бегство

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пецаков најавува нови капитални проекти, дигитализација и еко-иницијативи за Охрид
Следна Статија Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Стојанче Јовановски имал 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и дрога

Сопругот и татко на сега починатите мајка и ќерка кои вчера паднаа од зграда во Тафталиџе имал богатo криминално досие.…

March 3, 2026
ХРОНИКА

Стружанецот по кој се трагаше два дена е пронајден мртов

Во атарот на струшкото село Глобочица околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два…

October 23, 2024
ХРОНИКА

Афера „Крмзов“: За околу 90 милиони евра штета инволвирани 23 физички и 15 правни лица

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

Жена со автомобил кој го бара Интерпол ноќеска е фатена на граничниот премин Табановце. На Табановце, во 3 часот по…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?