Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики
ЕКОНОМИЈА

Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики

Објавено October 3, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености, до крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики, изјави денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој денеска во Штип присуствуваше на отварање на „Текстилијада 9“.

Тој во одговор на новинарско прашање дали Владата ќе преземе мерки за заштита на животниот стандар, посочи дека наредната година предвидено е поголемо и повекратно зголемување на казнените одредби, а во текот на минатата и оваа година имаат преземено сет на мерки, меѓу кои ограничување на цени.

„Неколку битни работи направивме за заштита на животниот стандард и цените особено на прехранбените, земјоделски производи, пред сè, донесување на Законот за нефер трговски практики. Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености во однос на спроведувањето на законот, особено маркетите. Кон крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни, коишто сметаме дека се многу мали. За наредната година имаме предвидено многу поголемо и повеќекратно зголемување на казнените одредби“, изјави Ристески.

Тој посочи дека пазарните инспектори имаат изречено и казни кон трговците на големо и мало во текот на годината во износ од околу два милиони евра.

„Пазарната инспекција во текот на годинава направи вкупно 18.000  контроли и надзори на трговија на мало и големо. Воочени се и голем број на неправилности за кои се изречени платни налози во висина од околу 120 милиони денари, или вкупно два милиони евра. Ние и понатаму ќе ја следиме ситуацијата со цените во сите маркети на трговија на мало и големо“, рече Ристески и додаде дека пазарната економија е основна во функционирањето на државата.

Заменик министерот за економија и труд најави и дека како Влада ќе направат и одредени работи во однос на истакнување на цените и тоа преку создавање на единствен софтвер, кој бесплатно ќе биде понуден на сите трговци во Македонија, каде што тие транспарентно треба да ги приложуваат цените кон граѓаните, а граѓаните по пат на вештачка интелегенција ќе можат да формираат и самите сопствена потрошувачка кошничка.

„Тоа ќе може да го направат преку апликација која ќе биде достапна за сите и тоа не само со вклучување на апликацијата, туку и со гласовни можности за формирање на таква кошничка, посебно за повозрасните луѓе, пензионерите“, прецизира Ристески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови
Следна Статија Лабудовиќ: Се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азиските акции продолжуваат со растот до нов рекорд: Преглед на пазарите

Азиските акции го продолжија растот до нов рекорд со забрзување на американските технолошки акции, олеснувајќи го притисокот по загриженоста за…

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност и економски напредок

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на…

March 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

ДРИН АХМЕТИ ЈА ГУБИ „СОРАВИЈА“: Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра

Бизнис центарот „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

ВИДЕО: Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. Пуштањето во…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?