Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пецаков најавува нови капитални проекти, дигитализација и еко-иницијативи за Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пецаков најавува нови капитални проекти, дигитализација и еко-иницијативи за Охрид
ПОЛИТИКА

Пецаков најавува нови капитални проекти, дигитализација и еко-иницијативи за Охрид

Објавено October 3, 2025 17:54
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, денеска претстави нова изборна програма со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен град.

Пецаков го истакна досегашниот успех на својата администрација, вклучувајќи финансиска стабилизација на општината и јавните претпријатија, изградба и реконструкција на училишта, градинки, спортски и културни објекти, како и асфалтирање на над 100 улици и патишта низ градот и околните села.

Во новата програма, Пецаков најави продолжување на капиталните проекти, меѓу кои се реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“, изградба на катни гаражи, Младински културен центар, уредување на кејот во Пештани и градскиот пазар, како и проекти за канализација и патишта во населени места како Трпејца, Долно Лакочереј и Орман.

Посебен акцент е ставен на дигитализација на јавните услуги, воведување на QR-кодови за документи, плаќање на такси преку СМС и електронско поднесување на барања, како и поддршка на локалната економија и млади претприемачи преку иновациски фонд.

Пецаков најави и продолжување на еколошките активности, вклучувајќи субвенционирање за соларни панели, контрола на отпадните води и засадување нови дрвја, како и развој на туризмот и културата преку стратегии за еко, културен и авантуристички туризам и поддршка на фестивали и културни настани.

Оваа програма е посветена на сите охриѓани и има за цел да го направи Охрид уште подобро место за живеење. Заедно, за уште поубав Охрид, вели во своето видео обраќање Пецаков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водата во Скопје поскапе за 10%
Следна Статија Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашниот митинг во Кавадарци во рамки на кампањата за локалните избори меѓу другото се…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, донесе неколку клучни одлуки во пресрет на претстојните локални избори. Од страна на…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

Божиновска: Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка, тоа никој не може да ми го оспори

Јас сум родена во Скопје, Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка. Тоа никој ниту може, ниту смее да го…

October 6, 2024
ПОЛИТИКА

Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?