Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен Мухамед Љамалари, висок функционер на ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен Мухамед Љамалари, висок функционер на ДУИ
ХРОНИКА

Уапсен Мухамед Љамалари, висок функционер на ДУИ

Објавено November 22, 2024 18:40
Сподели
Сподели

Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија, Мухамед Љамалари падна во рацете на полицијата, дознава Курир.

Според нашите информации Љамалари денеска околу 13 часот бил уапсен во хотел на Бит Пазар. Настанот за Курир го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик, одговорија од МВР за Курир.

Кривичните дела кои му се ставаат на товар се злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Според официјалните информации од истрагата која се водеше, Љамалари тогаш во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал криминалната група.

-Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да изврпат негово противправно рушење и уништување, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.

Во незаконските дела вклучени беа 11 лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски од „Винска визија“ во Белград: Виното е симбол на нашата историја
Следна Статија Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Хорор во Крива Паланка: Со нож три пати прободел жена во врат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано…

January 22, 2025
ХРОНИКА

Американец со параглајдер падна во близина на Битола

Американски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, во атарот…

July 6, 2026
ХРОНИКА

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет…

August 5, 2025
ХРОНИКА

Жена прегазена на паркинг во Ѓорче

Вчера во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Македонски војски“ во Скопје, патничко возило…

November 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?