Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“
ХРОНИКА

Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“

Објавено November 22, 2024 18:14
Сподели
Сподели

По долго боледување, вчера на 22 ноември во Скопје, почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“.

Си замина нашата драга колешка, истакната новинарка, посветен и врвен професионалец, препознатливо име во весникот ВЕЧЕР, во кој го помина целиот работен век. Се бореше храбро до последен здив, беше пример за јака волја, силна верба и позитива, за борба и одлучност за живот и победа над подмолната болест. Но, за жал, последната битка не успеа да ја извојува. Нејзината посветеност и визионерски дух ќе останат трајна инспирација на сите нас, велат во последниот поздрав колегите од редакцијата на „Вечер“.

Марјановиќ беше дел од весникот „Вечер“ од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.

Валентина беше почитувана како голем професионалец и уште поголем пријател. Ќе ни недостасува нејзината блага насмевка и секогаш добар збор, совет. Изгубивме посебен човек, блескава душа каква ретко се раѓа. Вале, секогаш ќе останеш во нашите срца, велат нејзините колеги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен Мухамед Љамалари, висок функционер на ДУИ
Следна Статија Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Возилото излетало од патот и се превртело во близина на клучката на експресниот пат кај Крива Паланка. Според информациите од…

January 24, 2025
ХРОНИКА

Уапсен скопјанец: Ја следел поранешната девојка

Полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце вчера го лишија од слобода С.К. (30) од Скопје. -Полицијата постапила по пријава од…

June 7, 2026
ХРОНИКА

Притвор за три лица поврзани со Исламска држава: Спремале одмазда за браќата осудени за тероризам

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам,…

February 7, 2026
ХРОНИКА

Останал и без 4.200 евра, и без ветениот социјален стан

МВР информира дека вчера во 15:00 часот во СВР Тетово, 55-годишник од село во општина Желино пријавил дека бил измамен…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?