Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Удри по џебот за да им дојде памет -За еден ден изречени скоро 1000 сообраќајни казни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Удри по џебот за да им дојде памет -За еден ден изречени скоро 1000 сообраќајни казни
ХРОНИКА

Удри по џебот за да им дојде памет -За еден ден изречени скоро 1000 сообраќајни казни

Објавено February 20, 2025 18:11
Сподели
Сподели

Според досегашните статистичко-компаративни анализи од континуираните и засилени сообраќајни контроли што се превземаат секојдневно на патиштата низ земјава, и натаму останува заклучокот дека непочитувањето на прописите по однос на паркирањето, потоа пречекорувањето на брзината на движење и секако – возењето без возачка дозвола се прекршоци што најчесто ги прават учесниците во сообраќајот во државава, информираат од МВР.

Во тој поглед анализата на вчера (19.02.) превземените сообраќајни контроли само го потврдува таквиот заклучок. Така, вчера, од 949 издадени платни налози од страна на полициските службеници на целата територија на земјата, 313 прекршоци се однесуваат на неправилно паркирање, 154 – на пречекорување на брзината на движење, а 96 – на управување без возачка дозвола.

Исто така, забележително е дека зад оваа група на прекршоци и натаму следат по бројност прекршоците што се однесуваат на некористењето на сигурносен појас – 59, како и прекршоците заради говорење на мобилен телефон при возење – 32. Во рамки на вчерашните контроли прекршочно се санкционирани и 17 пешаци, шестмина возачи минале на црвено светло, а осумина возеле под дејство на алкохол.

Инаку, согласно одредбите на Законот за возила, вчера беа евидентирани и 27 случаи на нерегистрирани возила што учествувале во сообраќајот, додека пак кај 34 возила била констатирана техничка неисправност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски – Ортиз: Создаваме услови за воспоставување на нови авиолинии меѓу Македонија и Шпанија
Следна Статија К-15 – Toso i Cacko na bazen

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Акциска контрола на СВР Скопје, лишени од слобода 11 лица, од кои шест малолетници

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа и денеска (19/20.07.2025) во периодот од 19.00 до 02.30 часот на подрачје на Центар…

July 20, 2025
ХРОНИКА

На патот кај Пониква „дефендер“ на МВР се судри со автомобил, повредено е дете

Денес во 10.06 часот во полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци – Пониква се случила сообраќајна…

January 26, 2025
ХРОНИКА

Тешко повреден струмичанец кој со возило излетал од патот кај Марена

Струмичанец бил тешко повреден, откако возилото што го управувал излетало од патот кај кавадаречкото село Марена, информираа денеска од Секторот…

December 8, 2025
ХРОНИКА

75-годишна жена загина по удар на комбе, возачот побегнал, па бил најден

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Неготино вчера го пронашле и привеле Д.С. (55) од селото Пепелиште,со кој е…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?