Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Единаесет години од „Диво насеље“ – Куманово се сеќава на загинатите херои
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Единаесет години од „Диво насеље“ – Куманово се сеќава на загинатите херои
МАКЕДОНИЈА

Единаесет години од „Диво насеље“ – Куманово се сеќава на загинатите херои

Објавено May 9, 2026 11:37
Сподели
Сподели

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановската населба „Диво насеље“, еден од најтешките безбедносни настани во поновата историја на Македонија. На 9 и 10 мај 2015 година, во 28-часовните судири животот го загубија осум припадници на безбедносните сили, додека 37 беа повредени.

Загинатите – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ – посмртно се одликувани со медали за храброст. Во нивна чест, во кругот на СВР Куманово е поставена спомен-плоча, а во централното градско подрачје е изработен и мурал со пораката „Хероите живеат вечно“.

Годишнината и годинава се одбележува со повеќе активности. Во организација на синдикалната организација на Синдикатот на полицијата на Македонија при СВР Куманово, денот започнува со панихида во Соборниот храм „Свети Никола“, по што следи полагање цвеќе пред спомен-обележјето. Програмата продолжува со меморијален турнир во мал фудбал под мотото „Хероите живеат вечно“, како и хуманитарна акција за поддршка на полициски службеник. Одбележувањето ќе продолжи и во недела со меморијален велосипедски круг во организација на патриотско друштво.

Настаните од мај 2015 година оставија длабока трага кај граѓаните на Куманово. Два дена градот живееше во страв и неизвесност, додека во густо населената населба „Тоде Мендол“, позната како „Диво насеље“, одекнуваа престрелки со различен интензитет. Населбата беше блокирана, жителите евакуирани, а хеликоптери постојано го надлетуваа градот.

И по повеќе од една деценија, кумановци се сеќаваат на тие драматични денови, со јасна порака дека ваква трагедија никогаш не смее да се повтори. Стравот, неизвесноста и човечките загуби од „Диво насеље“ остануваат длабоко врежани во колективната меморија на градот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонец во Италија ја убил сопругата, па се обидел да се самоубие на гробот на нивниот син
Следна Статија Коалицијата „Вреди“ денеска се обединува во еден политички субјект

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЕК со воспитна за Костадинов: Изјави и дејствија што ги поткопуваат принципите на ЕУ се неприфатливи!

Суверенитетот на државите мора да се почитува – неприфатлива е секоја изјава против или дејствија кои ги поткопуваат овие принципи,…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Балканските лидери ќе бидат во Скопје: Утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќај

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Детален водич) Сè што треба да знаете за новите правила за влез во ЕУ од 12 октомври

Од 12 октомври официјално стапува во сила новиот систем за влез и излез од ЕУ – наречен EEС. Системот ќе…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?