Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕК со воспитна за Костадинов: Изјави и дејствија што ги поткопуваат принципите на ЕУ се неприфатливи!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЕК со воспитна за Костадинов: Изјави и дејствија што ги поткопуваат принципите на ЕУ се неприфатливи!
МАКЕДОНИЈА

ЕК со воспитна за Костадинов: Изјави и дејствија што ги поткопуваат принципите на ЕУ се неприфатливи!

Објавено January 15, 2025 11:20
Сподели
Сподели

Суверенитетот на државите мора да се почитува – неприфатлива е секоја изјава против или дејствија кои ги поткопуваат овие принципи, велат од Европската Комисија за Телевизија 24, за повикот на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов за припојување на Бугарија со Македонија и територија од Украина.

– Како и обично, не коментираме коментари, но потсетуваме дека суверенитетот на државите мора да се почитува. Секоја изјава против или дејствија што ги поткопуваат овие принципи се неприфатливи. Тие се во спротивност со основните вредности на мирот, стабилноста, соработката и добрососедските односи, врз кои е изградена Европската Унија, велат од Европската Комисија.

Костадин Костадинов, пратеник во бугарскиот парламент и лидер на партијата „Преродба“ која моментално е трета политичка сила во Бугарија, преку фејсбук статус ја повика владата во официјална Софија, да објави претензии за анексија на Бугарија со Македонија и Јужна Бесарабија (регион во Украина).

Порача дека е инспириран од новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и дека е потребно и Бугарија да се спои со своите, како што напиша – историски области.

– Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија, напиша Костадинов во објавата на Фесјбук.

ТВ 24 побара став од институциите во Брисел, со оглед дека овие изјави доаѓаат од политичар кој доаѓа од земја членка на Европската Унија.

Македонското МНР реагираше минатата недела, дека очекува официјална Софија да се огради од изјавата на Костадинов, но до денес молк – ниту реакција, ниту осуда од официјална Софија.

Реагираше и Украина – преку амбасадата во Софија. Тие рекоа дека бугарскиот пратеник повикува на кршење на нормите на меѓународното право, ги искривува историските факти и промовира прераспределба на границите во Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Научниците со алармантно откритие под мразот на Антарктикот: „Катастрофални последици за градовите ширум светот“
Следна Статија Нова тужба против Диди: „Ме силуваше кога имав 16 години и ме остави во фоајето на зградата“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР апелира: Навремено подигнувајте ги готовите лични документи

Процесот на издавање лични документи во управните служби на Министерството за внатрешни работи е целосно оптимизиран и овозможува брзо и…

May 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Директорката ги кажа сите детали. Јас немам што да додадам на сето тоа. Ми останува само да ја честитам успешната…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?