Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Единаесет месеци затвор за родител, кој тепаше двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“ на натпреварот со „Шкупи“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Единаесет месеци затвор за родител, кој тепаше двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“ на натпреварот со „Шкупи“
ХРОНИКА

Единаесет месеци затвор за родител, кој тепаше двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“ на натпреварот со „Шкупи“

Објавено October 27, 2025 10:35
Сподели
Сподели

Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор.

Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев денеска информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје за сторено кривично дело насилство од член 386 став 4 од Кривичниот законик. Тој е осуден на казна затвор од 11 месеци, а пресудата не е правосилна, следи периодот на жалби до Апелациониот суд во Штип.

Инцидентот се случи на игралиштето „Бело брдо“ во Штип на 24 август годинава. Основното јавно обвинителство во Штип веднаш по настанот поведе и итна постапка против 43 годишниот родител за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, кој извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“.

-Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, информираше Обвинителство на 25 август.

Инцидентот се случи во 89-тата минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“.

-Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, се вели соопштението од Обвинителство, објавено на 25 август.

МИА претходно информиршае и дека дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш донесе и неколку дисциплински мерки. На играчот со дрес број девет на ФК „Шкупи“, чијшто родител е осуден за виновен, му е изречена најстрогата санкција исклучување од фудбалска организација. Покрај него за уште двајца играчи на ФК „Шкупи“, кои се вклучени во инцидентот, е поведена постапка, по што им е изречена казна забрана на играње во траење од три месеци. Казна да не игра четири натпревари заработи и 15 годишен фудбалер на штипска „Брегалница“, којшто се впуштил во груба игра и самозаштита при нападот. Се поведе постапка, а организаторска и колективна одговорност се бараше и од двата клуба, „Шкупи“ заради нападот на родителите врз противинички играчи, а „Брегалница“ заради слабата организација на натреварот и пропуст во обезбедувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минчев: Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски
Следна Статија Мицкоски: Изјавите на Филипче се какафонични, една со друга контрадикторни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Опасноста од „Тик-Ток“ предизвикот „Супермен“: 11 деца хоспитализирани во Скопје

Во последните четири дена, најмалку 11 деца во Скопје завршиле во болница поради повреди поврзани со „Тик-Ток“ предизвикот „Супермен“. Најмладиот…

December 5, 2024
ХРОНИКА

Исчезнатиот кавадарчанец е пронајден мртов

Исчезнатиот кавадарчанец бил пронајден починат, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Вчера во 10 часот во ОВР…

December 27, 2025
ХРОНИКА

Прилепчанец нападнал медицинска сестра додека му пружала помош

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на…

March 12, 2025
ХРОНИКА

Пронајден починат маж во Велес, телото предадено на обдукција

Педесет и четиригодишниот Б.Ќ од Велес вчера бил пронајден починат во домот каде привремено престојувал во овој град. Лекар од…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?