Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еднострано е раскината концесијата за „Пискупштина“ во Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Еднострано е раскината концесијата за „Пискупштина“ во Струга
ЕКОНОМИЈА

Еднострано е раскината концесијата за „Пискупштина“ во Струга

Објавено October 14, 2025 18:10
Сподели
Сподели

На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата на последната седница еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени.

Владата и Министерството нема да толерираат несоодветно користење на природните ресурси, а здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат на прво место – нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Одлуките, како што велат од Министерството за енергетика, следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски. Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот вршел експлоатација надвор од дозволеното поле, што претставува директно прекршување на договорот и законот. Жалбите од жителите на селото Пискупштина доведоа до детален инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за енергетика и рударство, кој ја потврди неправилноста.

Ова е втора еднострана раскината концесија за само неколку недели. Претходно беше донесена одлука и за раскин на концесијата за експлоатација на варовникот „Лавинчеви“ во Општина Гази Баба. Компанијата не обезбедила минимална експлоатација од 20 отсто, односно 25.000 тони годишно, и за три години практично нема активност, а не е исплатен ниту концесиски надоместок. Долгогодишниот прекин на активностите и непочитувањето на законските обврски беа потврдени со вонреден инспекциски надзор.

Министерството и Владата испраќаат јасна порака: секое несовесно користење на природните ресурси ќе се санкционира, а заштитата на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните е приоритет. Сите надлежни институции се известени за понатамошни мерки, а одговорното и одржливо управување со природните ресурси останува стратешка цел на државата, посочуваат од Министерството за енергетика

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова очекува и прашањето за спорот со Софија да биде отворено во разговорите со Фон дер Лајен
Следна Статија Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е битен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид…

March 27, 2025
ХРОНИКА

Запалиле душеци за да ги извадат федерите во депонија во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трка за гувернер на Народната Банка – Времето истекува, одлуката се уште неизвесна

Се помалку време останува за избор на нов гувернер на Народната Банка. 7-годишниот мандат Анита Ангеловска Бежоска истекува за неполни…

May 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски денеска на Фејсбук објави став во кој се повикува на економската школа на нобеловецот…

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?