Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експертите бараат поголем буџет за цврсти обвинителски истраги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Експертите бараат поголем буџет за цврсти обвинителски истраги
МАКЕДОНИЈА

Експертите бараат поголем буџет за цврсти обвинителски истраги

Објавено March 17, 2026 17:56
Сподели
Сподели

Собраниската Комисија за политички системи организираше јавна расправа за новиот предлог-закон за Јавното обвинителство, на која експерти од правната област ги кажаа забелешките околу решението. На почетокот, членовите од работната група што го составуваше законот рекоа дека тој е дел од реформската агенда и дека во него се вметнати сугестиите на Венецијанската комисија и од оценската мисија на ЕК. Во однос на прашањето што се отвори во јавноста – државниот обвинител да се избира со квалификувано мнозинство во Собранието, од групата што работеше на законското решение велат дека треба да се предвиди тоа во Уставот. Истакнаа дека со новиот закон разрешување на републичкиот обвинител може да иницира и Советот на јавни обвинители, а тој на седница јавно да ги каже своите контрааргументи.

Меѓу правните говорници беше поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева, според која не треба да се брза со законот и треба добро да се осмисли. Ја кажа потребата од поголем буџет за обвинителствата и за дигитализација.

– На обвинителите треба да им се обезбедат услови за работа, треба да имаат достапност до сите бази на податоци, да не испраќаат уште барања по писмен пат. Според ова законско решение, ние, како држава, немаме намера да направиме современо ЈО, туку се држиме за она што го знаеме – кажа Тасева.

Според неа, не е доволна само биографијата на новиот државен обвинител туку и да се провери неговиот интегритет.

Претставникот од адвокатската фела, адвокатот Јасмин Калач, како позитивна забелешка го истакна рокот од 6 до 9 месеци во кој ќе траат дисциплинските постапки за јавен обвинител за кои е поднесена претставка до Советот.

– Дисциплинските постапки траеја со години и дел од нив завршуваа со оставки на обвинителот, што значи тивка амнестија за тоа што го сториле. Решението за рок од 6 до 9 месеци е доволен, а оставката нема да ја запре постапката во Советот на јавни обвинители. Вонредните механизми за проверка на работата на обвинителите се, исто така, позитивни, но сметам дека треба да се зацврстат критериумите, да не дојде до ситуација на реваншизам – смета Калач.

Неговата критика, исто како и на другите експерти, се однесуваше на кусиот буџет, кој не може да обезбеди цврста истрага.

– Еве, само како пример ќе споделам, јас сум адвокат во случајот „Пулс“, само вештачењето и обдукциите чинат половина милион евра, па кога ќе споредиме со буџетот од 0,4 %, тоа е навистина многу малку – кажа овој адвокат на јавната расправа за законот за ЈО.

Правните експерти сметаат дека новиот предлог е добра основа, но треба да се преработи со амандмани. Предлогот помина на прво читање пред народните избраници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако нема нафта, нема пари за Украина, порача Орбан
Следна Статија 19 годишната девојка која падна од тераса била психички и физички малтретирана од таткото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Повеќе од 700 дечиња ќе може да стекнуваат знаење во новото училиште во Ченто

Отпочнеме со една нова градба на основно училиште, каде што од тоа што успеав да го дознам од градоначалникот повеќе…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Наскоро ќе може да имате дел од оваа вредна колекција: Запленетата гардероба на Боки 13 проценета на 595,6 илјади евра

Заврши проценка на луксузната гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, која што му беше одземена поради случајот „Рекет“. Од Агенцијата за…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Небезбеден патот од Пантелејмон до средно Водно

Општина Карпош им соопштува на своите граѓани дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?