Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Екс македонска ракометарка е професорката фатена во криминал со издавање лични документи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Екс македонска ракометарка е професорката фатена во криминал со издавање лични документи
ХРОНИКА

Екс македонска ракометарка е професорката фатена во криминал со издавање лични документи

Објавено February 6, 2026 15:36
Сподели
Сподели

Поранешна легендарна ракометарка од Скопје, двајца полицајци и еден пожарникар се осомничени дека примале поткуп од граѓани, на кои им овозможувале побрзо издавање на лични документи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, четворицата осомничени во периодот од февруари до април 2024 година воспоставиле организирана шема за противзаконито посредување при издавање лични карти, пасоши и возачки дозволи, за што добивале финансиски надомест. Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против М.С., полицаец (злоупотреба на службена положба и примање поткуп), П.П., полицаец во интервентна полиција (примање поткуп и противзаконито влијание), В.Р., наставник во средно училиште во Скопје (примање награда за противзаконито влијание) и А.С., пожарникар во Град Скопје (примање награда за противзаконито влијание).

Неофицијално, јавуваат дел од медиумите, осомничената В.Р. е поранешната ракометарка Валентина Радуловиќ, која е една од најдобрите во историјата на македонскиот ракомет со 220 настапи во жолто-црвениот дрес во кој постигна 813 голови. Таа настапуваше за Кометал ЃП, а потоа и за австриски Хипо и данскиот тим Шлагелсе.

Како што информира МВР, таа заедно со пожарникарот наоѓале заинтересирани граѓани, од кои прибирале лични податоци и фотографии. Податоците биле проследувани до еден од полицајците, кој посредувал за забрзување на постапките, додека друг полицаец, како службено лице, ги извршувал административните дејствија.

Сѐ било однапред договорено – со утврдени цени, рокови и распределени улоги – со што бил создаден паралелен, неформален систем за побрз пристап до јавни услуги, на штета на принципот на еднаков третман на граѓаните. Од МВР наведуваат дека со ова осомничените се стекнувале со противправна имотна корист и најавуваат продолжување на постапката во координација со надлежното обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бујар Османи побара одлуките во Уставниот суд да се носат со Бадентер
Следна Статија ФАО: Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мотор смачкан меѓу две возила во Влае, двајца повредени

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случи на улицата „Ацо Шопов“ во скопско Влае, во близина…

March 15, 2025
ХРОНИКА

Почина осуденик од затворот во Штип

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено –…

February 23, 2025
ХРОНИКА

Потешка квалификација против четворица осомничени за експлозијата на бомба во Битола

Постапувајќи во предметот против четворица осомничени за инцидентот од 12 јули кога рачна бомба експлодираше на улицата “Охридска” во централното…

September 27, 2025
ХРОНИКА

Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања

Завршниот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?