Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потешка квалификација против четворица осомничени за експлозијата на бомба во Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Потешка квалификација против четворица осомничени за експлозијата на бомба во Битола
ХРОНИКА

Потешка квалификација против четворица осомничени за експлозијата на бомба во Битола

Објавено September 27, 2025 21:31
Сподели
Сподели

Постапувајќи во предметот против четворица осомничени за инцидентот од 12 јули кога рачна бомба експлодираше на улицата “Охридска” во централното градско подрачје на Битола, јавниот обвинител нареди вештачење со кое вкупната проценета штета на околните објекти и паркираните возила беше утврдена на 405 илјади денари.

Од тие причини, имајќи предвид дека станува збор за поголема имотна штета, Основното јавно обвинителство Битола изврши итна преквалификација на делото во потешко.

Против четворицата осомничени кои претходно се гонеа за предизвикување општа опасност од член 288 од Кривичниот законик, сега е отворена истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството со прибраните докази ги утврди својствата на секој од осомничените, така што еден се товари за поттикнување, додека другите за дејствија на соизвршителство и помагање.

Исто така, со прибраниот доказен материјал, утврдено е кој од осомничените ја поседувал и активирал експлозивната направа – рачна бомба М-75 која на граѓаните им е забранета, па против него е отворена истрага и за – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со ставовите 1 и 5 од Кривичниот законик.

Имајќи ги предвид сите овие околности и фактот што против осомничените ќе се води истрага, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог со кој мерката притвор од 8 дена определена на 20 септември сега им е заменета со 30-дневен притвор. Тројца од осомничените се лишени од слобода, додека четвртиот не е достапен на органите на прогонот од моментот на извршување на делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Jане Сандански го почнал Илинденско востание на Крстовден
Следна Статија Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Инцидент на Скопскиот аеродром

Вчера попладне на Скопскиот аеродром се случил инцидент со кој бил нарушен јавниот ред и мир – двајца жители на…

November 25, 2024
ХРОНИКА

МВР со детали за трагедијата во Кисела Вода, затрупани тројца работници

Министерството за внатрешни работи се огласи со првични информации за трагичниот настан во скопска Кисела Вода, каде при ископ за…

April 24, 2026
ХРОНИКА

(ФОТО) Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје

Сообраќајна несреќа се случи  на влезот на Скопје кај бензинската пумпа ЛУКОИЛ. Според фотографиите на социјалните мрежи, автомобилот е свртен…

March 2, 2026
ХРОНИКА

Притвор од 30 дена за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?