Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
БАЛКАН

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции

Објавено June 17, 2025 10:16
Сподели
Сподели

Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година, јавува весникот „Катимерини“. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај по голем корупциски скандал.

ЕК во образложението наведува дека Грција го прекршила европското законодавство поврзано со финансирањето на Заедничката земјоделска политика. Според Комисијата, проблемот е системски и со години немало соодветен надзор и функционирање на системот за управување со субвенциите.

Со таканаречена „хоризонтална корекција“, Европската комисија го намалила износот на идните субвенции за Грција за 5 проценти, а дополнително изрекла казна од 10 проценти за средствата исплатени во 2018, 2019 и 2020 година за поддршка на млади фармери. Најголемите санкции се однесуваат на субвенциите за земјоделско земјиште во 2021 и 2022 година – соодветно 79 милиони и 76 милиони евра.

Весникот наведува дека најверојатно казната ќе биде платена од државниот буџет, бидејќи алтернативно би морале да се намалат субвенциите за земјоделците, што би било политички неприфатливо.

Во 2025 година се очекуваше Грција да добие околу 1,9 милијарди евра директни субвенции од ЕУ, но сега тој износ ќе се намали за 392 милиони евра поради неправилните исплати.

Извори од земјоделскиот сектор за весникот изјавиле дека ова е само почеток и дека следуваат нови санкции. Во март годинава, Судот на ЕУ ја одби жалбата на Грција на претходна одлука на ЕК и ја задолжи да ги покрие и судските трошоци.

Скандалот избувна кога Европското обвинителство отвори истрага против 100 лица во Грција. Според „Политико“, осомничените давале лажни изјави за поседување или користење пасишта и за земјоделски активности што не ги спроведувале, со што добивале незаконски субвенции.

На 19 мај, обвинители од Европското обвинителство, придружувани од 20 припадници на одделот за борба против корупција на грчката полиција, се обиделе да извршат претрес во седиштето на ОПЕКЕПЕ, но се соочиле со опструкции од страна на вработените. По скандалот, грчката Влада го разреши претседателот на агенцијата, а нејзините надлежности ги пренесе на Независната агенција за јавни приходи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девојка му раскинала на своето момче по совет на „Чат ГПТ“: „Ми рече дека заслужувам подобро“
Следна Статија (Видео) Голем руски напад врз Киев, најмалку 14 загинати, меѓу нив и Американец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Скандал во Хрватска: Детски психијатар со години злоставувал деца

Детски психијатар (46) од Болничкиот центар во Осиек е уапсен и обвинет за низа тешки кривични дела, вклучувајќи злоупотреба на малолетни пациенти…

December 16, 2025
БАЛКАН

Kанадски адвокат: Слободан Милошевиќ беше отруен во Хаг

Канадскиот адвокат на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, Кристофер Блек, вели дека тој бил отруен во судот во Хаг. Во…

November 15, 2024
БАЛКАН

Хрватска прогласи ден на жалост по убиството на седумгодишното дете

Во Хрватска денеска е Ден на жалост по монструозниот напад врз ученици и вработени во основно училиште во Загреб, во…

December 21, 2024
БАЛКАН

Стотици таксисти ги вратија дома студентите кои пешачеа до Крагуевац

Колона од повеќе стотици таксисти од Белград дојде во Крагуевац за да ги врати студентите кои дојдоа во тој град…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?