Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Електронски свидетелства од наредната учебна година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Електронски свидетелства од наредната учебна година
МАКЕДОНИЈА

Електронски свидетелства од наредната учебна година

Објавено July 1, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Од наредната учебна година наместо печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основно образование ќе бидат во електронска верзија и дигитално ќе бидат преземани од средните училишта во кои учениците ќе се пријават за упис.

Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека и во овој момент тоа е овозможено преку системот е-дневник, но ќе почне да се применува од идната година откако населението ќе биде повеќе информирано и подготвено за овој дигитален процес.

-Децата и родителите де факто и немаат потреба да го имаат свидетелството во раце освен што тоа е некаков начин да се дружат, да се пофалат, да се израдуваат, па некои и да се разочараат и да вложат повеќе труд … Не го правиме тоа оваа година затоа што не можеме туку затоа што огромен број наши ученици и родители не знаат како тоа да го направат, особено во рурални средини каде нема опрема и интернет. Дигиталната писменост треба да се поткрене на повисоко ниво. Очекувам дека следната година барем над 90 проценти ќе може да се заврши така, иако системот и сега е подготвен за тоа, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан во Македонската банкарска асоцијација.

Во врска со иселувањето и колку тоа влијае на намалување на бројот на првоодделенци, Јаневска кажа дека точниот број на првачиња кои годинава се запишале во македонските училишта ќе биде познат во септември кога е второто пријавување и тогаш, рече, „ќе може да ги коментираме бројките на евентуално намалување или пораст во одредени општини“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!
Следна Статија Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Асмир Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии од…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ахмети откри споменик на Скендербег во кичевско

Во селото Гаране, кичевско, вчера беше откриен споменик на Скендербег, на денот кој граѓаните Албанци го слават како ден на…

November 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници ги исклучија автобусите: Ќе работиме така додека не ни биде исплатен целиот долг од ЈСП

Приватните автобуски превозници во 10 часот ги исклучија од сообраќај своите автобуси. Тие велат дека ќе возат како што веќе…

October 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хрватите од Македонија сакаат да влезат во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?