Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
МАКЕДОНИЈА

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

Објавено January 13, 2026 12:22
Сподели
Сподели

Со традиционалното дефиле под маски почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.

Маскирани, вевчанци, на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција, ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот како во земјата така и во светот. Секоја маска носи порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот. Се верува дека преку маските василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според јулијанскиот календар, испраќајќи порака за промена на негативните случувања во општеството. И како што е добро познато, вевчанци, кои важат за љубезен и гостопримилв народ, верни на традицијата, ќе кажат сè, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. Изработката, велат, е сложен и креативен процес со рачно изработени оригинални идеи, што ги прават уникатни.

Вевчани денеска и утре ќе личи на театар на отворено, без сценарио и режија организиран од двете василичарски друштва „Горна“ и „Долна маала“ на чело со зетот, невестата, двата ѓавола и Глупавиот Август. Веднаш по нив следуваат другите маски, секоја со своја приказна ќе го привлече вниманието на присутните.

Дефилето почнува попладне од почетокот на селото движејќи се низ главната улица до центарот, каде што маскираните го вртат василичарското оро. Потоа ги посетуваат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во новата година, а од домаќините се дарувани со луканци (колбаси), леб, пари и други дарови. Ноќта, пак, придружувани од другите соселани, одат на Вевчанските Извори, од каде што полнат вода, со која прават кашаник (зелник), во кој се става паричка. Кај оној што ќе се падне паричката, се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.

Утре, на верскиот празник Свети Василиј Велики, одат на имендени во семејствата чии членови го носат името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани се собираат сите василичари, повторно играат оро и ги палат маските со симболика дека злото нема да се повтори.

Новата година, според јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечерта со спектакуларен огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“ и Перо Бели и групата „Вип“.

Манифестацијата почна синоќа со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадрс“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ‘Good Hang With Amy Poehler’ Wins the First Golden Globe for Best Podcast – Golden Globes
Следна Статија Преглед: Fire Emblem: Патека на Зрачење (GameCube) – Постар и полесен од она што сте навикнале, но сепак победник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

155.000 гледачи го следеа отчетот на Мицкоски за една година Влада:Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!

Над 155.000 граѓани го следеа на Фејсбук отчетот на премиерот Христијан Мицкоски по повод една година од формирањето на Владата.…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Медиумска „империја“ од Велес до Флорида

Од велешка адреса до американски медиум – Румен Наумовски преку своите фирми „Raww Digital“ во Велес и Флорида гради конзервативна…

October 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ

Во рамките на престојот во Лондон премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Остварена средба со…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

Во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Наградата се…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?