Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Елон Маск преку тужба бара до 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Елон Маск преку тужба бара до 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft
СВЕТ

Елон Маск преку тужба бара до 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft

Објавено January 20, 2026 17:37
Сподели
Сподели

Елон Маск не ја крие „лутината“ која ја има кон OpenAI и Сем Алтман, па поради тоа воопшто не сме изненадени од тужбата која тој ја поднесе против оваа компанија.

Минатата недела Маск поднесе тужба против OpenAI и Microsoft, пред федерален суд во САД, за незаконско стекнување на добивка од страна на овие две компании. Поради тоа тој бара да биде исплатена штета кон него во вредност до 134 милијарди долари.

Маск смета дека треба да му биде исплатена оваа сума поради придонесот кој тој го имал при основањето на OpenAI. Без него, тој тврди дека не би постоела компанијата, а тој има придонесено со финансирање, неговиот углед, како и помош за развојот на бизнисот на почетокот.

Кратко кажано, Маск смета дека е клучен фактор за основањето и развојот на OpenAI, компанија која сега има огромни приходи, на кои тој смета дека има право.

Microsoft како еден од најголемите инвеститори во OpenAI исто така имаат големи придобивки од соработката, па затоа и оваа компанија е дел од тужбата.

Очекувано, OpenAI ги негира овие тврдења и ги смета за несериозни, а тие веќе ги предупредија акционерите да внимаваат за намерно претераните тврдења кои се очекува Маск да ги изнесува во периодот што следи.

Интересно е што поднесената тужба не е одбиена, па во април се очекува почеток на судењето каде Маск ќе треба да ги докаже твдењата, па ќе видиме во кој правец ќе оди случајот.

Инаку, еден од поголемите проблеми кои ги има Маск со OpenAI се директно поврзани со Сем Алтман и неговото водење на компанијата која на почетокот беше замислена како непрофитна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Безбеден град“ обезбеди поддршка од ДУИ
Следна Статија Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан

Процесот на подготовка за конклавата за избор на нов папа продолжува, при што денеска беше поставен оџакот на Сикстинската капела,…

May 2, 2025
СВЕТ

Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %

Канада и Мексико кажаа дека соодветно ќе одговорат откако Доналд Трамп им наметна нови царини на трите најголеми трговски партнери…

February 2, 2025
СВЕТ

Орбан ќе ја блокира помошта за Украина додека не продолжат испораките на руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја исклучи можноста за укинување на ветото на неговата влада за заемот од 90 милијарди евра…

March 19, 2026
СВЕТ

Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани

Набргу откако официјални лица во Вашингтон се обратија пред печатот, Лили Ву, градоначалничката на Вичита, градот Канзас каде авионот на…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?