Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика
ЕКОНОМИЈА

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика

Објавено May 17, 2025 11:10
Сподели
Сподели

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на новиот Закон за енергетика кој го нарече „значајна пресвртница на патот на земјата кон целосна интеграција во европскиот енергетски пазар“.

„Усвојувањето на овој Закон ја демонстрира силната посветеност кон европската енергетска интеграција“, изјави Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница. „Ги очекуваме следните чекори-почнувајќи од целосната усогласност и напредување кон забрзана интеграција во единствениот ЕУ пазар на електрична енергија како и подобрена безбедност на системот“, додава Лорковски.

Енергетската заедница оценува дека новата законска рамка го отвора патот кон интеграција во пазарот на електрична енергија, а како најзначајно, поврзувањето на пазарот на електрична енергија на Северна Македонија со единственото поврзување на ЕУ за еден ден однапред и интрадневно поврзување (SDAC/SIDC).

„Овој значаен чекор ќе ја подобри регионалната соработка, како и ефикасноста на пазарот и ќе ја зајакне енергетската стабилност во согласност со правилата на Енергетската заедница“ се наведува во соопштението на Енергетската заедница, во кое се додава и дека поврзувањето на пазарот останува предмет на потврдена усогласеност на законските одредби со Договорот за Енергетска заедница. Секретаријатот, како што се наведува, ќе соработува со Македонија за да го поддржи овој процес и да обезбеди брзо и ефикасно усогласување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел започна нова голема офанзива во Појасот Газа
Следна Статија Николоски за стратешко партнерство со Обединетото Кралство: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пари во буџетот има, правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија потенцираше дека пари во…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е непопуларна и Владата знае, за една-две години ќе имаме ниска стапка на инфлација

На Владата не ѝ одговара да има висока инфлација и на највисоко ниво таа е свесна за тоа. Кога одат…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Исплатени околу пет милиони евра субвенции на повеќе од 12 000 лозари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека поддршката за производителите во сите земјоделски гранки продолжува и тоа, како што напомена, е…

February 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Лани сме имале повеќе компир, краставици, јаболки и цреши, а помалку ориз и сончоглед

Во 2024 година во земјава биле регистрирани 506 586 хектари обработлива површина, соопшти Државниот завод за статистика. Кај обработливата површина…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?