Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС
МАКЕДОНИЈА

„Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС

Објавено May 27, 2025 16:26
Сподели
Сподели

Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа институција во изминатите години, а покрај недостигот на пилоти и нефункционаноста на Ер тракторите, образложи дека се уште нема доволно потпишани договори со тимовите за брз одговор вклучително и со тимовите за гасење на пожар на отворен простор. Постои и недостиг на опрема, обука, физичка подготвеност, инспектори, но и сомнежи за исправноста на дозволите кои се издаваат од страна на Дирекцијата.

„Во моментов трите „ер трактори“ се на сервис, но кон почетокот на летото очекувам да бидат подготвени за гасење пожари“, рече Ангелов по преземањето на новата функција.

Тој верува дека заедно со оние кои ќе покажат амбиција, ќе ги надминат слабостите за побрзо ставање на ДЗС во полна функција.

Ангелов се осврна и на најавата за спојување на ДЗС и ЦУК во една институција. Како директор на ДЗС, вели, ќе може детално одвнатре да ја разгледа институцијата и внимателно да го проучи човечкиот и техничкиот потенцијал, дополнително да ги детектира и многубројните недостатоци за да бидат целосно отстранети во новата институција, на чие формирање се работи.

Прашан зошто досега се чекало за спојување на ДЗС и ЦУК во една, Ангелов рече дека системот на менаџирање со кризи е обемен и дека опфаќа повеќе институции и закони.

Ангелов, претходно му ја предаде функцијата директор на ЦУК на Мухамед Аљи, кој пак, доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ кај Славен Билиќ: Треперам кога ќе се сетам на Париз 2024…би сакал да играм повеќе во земјите од поранешна Југославија
Следна Статија Групата на Штекли се криела во бункери под земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кој е Марјан Даскаловски: Kупувал гласови во Струмица во име на Заев?

Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги.Кандидатот…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки,…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со армиски хеликоптер се гаснеше пожарот во Русиново

Денес, во период од 12:00 до 15:00 часот, хеликоптер Ми-8/17 од составот на воздухопловниот ВИНГ беше ангажиран за гасење на…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Криволак: Продолжуваме со инвестирање на модерна опрема за Армијата

Добар ден и од мене. Ќе ми дозволите на почеток да се заблагодарам на македонските војници за оваа прекрасна вежба…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?