Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство, беше објавено денеска на официјалната сметка на Унгарија како претседавач со ЕУ на мрежата X.
„Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија беа одобрени во согласност со новиот Инструмент за реформи и раст, вреден шест милијарди евра“, се наведува во соопштението.
Ова, се додава, го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство.
„Поддршката за интеграцијата на Западен Балкан останува клучен приоритет на унгарското претседателство“, се заклучува во соопштението.