Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕЦБ ги намали каматите, промените стапуваат на сила на 12 март
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > ЕЦБ ги намали каматите, промените стапуваат на сила на 12 март
Blog

ЕЦБ ги намали каматите, промените стапуваат на сила на 12 март

Објавено March 7, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, па така депозитната стапка сега е 2,5%, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е 2,65%, а каматната стапка на маргиналните кредити е 2,9%.

Овие промени, кои се во согласност со очекувањата на пазарот, ќе стапат на сила на 12 март.

Банката оценува дека податоците покажуваат дека процесот на постепен пад на инфлацијата е „на добар пат“.

Монетарната политика станува значително помалку рестриктивна, намалувајќи ги трошоците за задолжување за претпријатијата и домаќинствата.

Банката предвидува дека просечната инфлација во еврозоната ќе биде 2,3% и ќе падне на 1,9% во 2026 година, пред малку да се зголеми на 2% во 2027 година.

Прогнозата за 2025 година е ревидирана нагоре во однос на претходната проценка, како одраз на посилна динамика на цените на енергијата.

Европската централна банка очекува базичната инфлација во еврозоната да биде 2,2% во 2025 година и ќе падне на два отсто во 2026 година и 1,9 отсто во 2027 година.

Прогнозите за економски раст на еврозоната се ревидирани надолу на 0,9% за 2025 година и 1,2% за 2026 година, како одраз на слабиот извоз и инвестиции.

Банката очекува економијата на еврозоната да порасне за 1,3% во 2027 година, проценка непроменета од претходниот извештај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Масивен руски напад врз Украина, одекнуваат експлозии, има повредени
Следна Статија Таравари: Ако на јавноста не и се допаѓа и има пропусти ќе го поништиме тендерот за паркингот на Клинички центар, 50 денари за час е пристојна цена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Манчестер Сити со голема победа до првото место во Премиер лигата

Екипата на Манчестер Сити се искачи на првата позиција на табелата во Премеир лигата откако во првиот денешен дуел од…

December 27, 2025
Blog

Цената на златото урива рекорди

Цената на златото денеска за првпат на светските пазари надминаа 3.200 долари, додека инвеститорите бараат безбедно засолниште за својот капитал…

April 12, 2025

European stocks start the week lower as markets react to new Trump tariffs – CNBC

European stocks started the week in negative territory as global markets react to U.S. President Donald Trump's latest global tariffs…

February 25, 2026
Blog

Суспензијата на Џа’Мар Чејс за плукање е потврдена

Чејс ќе го пропушти натпреварот против Патриотс и ќе изгуби 448.333 долари.

November 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?