Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар
СВЕТ

Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар

Објавено March 31, 2025 09:39
Сподели
Сподели

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе.

Спасувачките тимови се обидуваат да пронајдат уште преживеани под урнатините на зградите во Мјанмар и Тајланд, а во заедничка петчасовна спасувачка операција спроведена од кинески, руски и локални тимови, една жена е спасена по 60 часа под урнатините на хотелот Great Wall во градот Мандалеј, јавува Ројтерс.

Во објава на Фејсбук од кинеската амбасада во Мјанмар утринава се вели дека спасената жена е во стабилна состојба.

Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Во исто време, спасувачките тимови во главниот град на Тајланд, Бангкок, продолжуваат со фанатична потрага по луѓе кои се уште се водат како исчезнати во урнатините на урнатата кула од 30 ката, јавува Франс 24.

Во Бангкок, според денешните официјални податоци на градската власт, загинале најмалку 18 лица, 33 се повредени, а 78 се водат како исчезнати.

Светската здравствена организација (СЗО) е на терен во двете земји, обезбедува итна помош и ги координира операциите за спасување, изјави во Женева портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Историски успех на Алкалоид, избори полуфинале во Европскиот куп
Следна Статија Според ОН, Македонија во 2100 година ќе има 52 отсто помалку население!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Мнозинство од жителите на Гренланд се против припојување со САД

Мнозинство од жителите на Гренланд се против отцепување од Данска и припојување со САД, според најнова анкета спроведена од Вариан…

January 29, 2025
СВЕТ

Стармер: Иднината на Гренланд е во рацете на Гренланд и Данска

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска изјави дека никој друг освен Гренланд и Данска не треба да решаваат за…

January 5, 2026
СВЕТ

Министерот за одбрана на САД: Користевме невидливи бомбардери за да гаѓаме подземни магацини на Хутите

Соединетите Американски Држави погодија пет подземни складишта за муниција на Хутите во Јемен користејќи стелт стратешки бомбардери Б-2, објави синоќа…

October 17, 2024
СВЕТ

Синот на норвешката принцеза осомничен за три силувања и повеќе од 10 кривични дела

Норвешката полиција во петокот објави дека 28-годишниот син на норвешката крунска принцеза е осомничен за три силувања и повеќе од…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?