Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мнозинство од жителите на Гренланд се против припојување со САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мнозинство од жителите на Гренланд се против припојување со САД
СВЕТ

Мнозинство од жителите на Гренланд се против припојување со САД

Објавено January 29, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Мнозинство од жителите на Гренланд се против отцепување од Данска и припојување со САД, според најнова анкета спроведена од Вариан а нарачана од данскиот весник „Берглинске“ и гренландскиот „Сермицук“.

Ова е удар за претседателот на САД Доналд Трамп, кој веднаш по преземањето на фунцијата на 20 јануари, ги интензивираше напорите за ставање на Гренланд под американска управа.

Според резултатите од анкетата, 85 отсто од популацијата на арктичката самоуправна територија не сака да биде дел од САД. Околу шест отсто рекле претпочитаат да бидат со Америка отколку Данска, додека девет отсто се неодлучни.

Трамп инсистира најголемата островска територија да падне по управа на САД поради поради безбедносни причини и одбива да каже дека нема да користи сила за да го реализира тоа. Тој исто така тврди дека популацијата на Гренланд би сакала да стане дел од САД. Неговиот интерес за територијата потекнува од неговиот прв мандат.

-Луѓето од Гренланд не се задоволни со Данска. Знаете, мислам дека се задоволни со нас, рече Трамп на 21 јануари.

Овој став не го споделуваат лидерите на Гренланд, и многумина од нив се залагаат за независност. Иако островот е дел од Кралството Данска, неговите 57.000 жители имаат продлабочена автономија.

-Не сакаме да бидеме Данци, не сакаме да бидеме Американци, секако сакаме да бидеме Гренландци, изјави неодамна премиерот на територијата, Муте Б. Егеде.

Во меѓувреме, Данска се труди да го модерира конфликтот со Трамп. Премиерката Мете Фредериксен денеска е на турнеја во Берлин, Париз и Берлин за стекнување поддршка од европските сојузници и барање тие да покажат единство по ова прашање, додека избегнува да го разгневи американскиот претседател.

Анкетата вклучува 497 интервјуа спроведени преку интернет од 22 до 26 јануари, вклучувајќи репрезентативен примерок на гренландски граѓани постари од 18 години. Статистичката грешка за одговорите е околу 3,1 проценти.

Анкетата исто така укажува дека 45 отсто од Гренландците во интересот на Трамп за Гренланд гледаат закана, пренесе „Берглинске“. Само околу осум отсто би прифатиле американски пасош ако мора веднаш да направат избор меѓу данско и американско државјанство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Путин се плаши од мировни преговори
Следна Статија Откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи од над 50 земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа

„Русија ја доби војната со Украина“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот меѓу претседателите на САД и Русија во…

August 13, 2025
СВЕТ

Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи како одговор на мерките на Трамп

Европската комисија предложи воведување на одмазднички царини од 25 отсто за низа американски производи како одговор на царините што ги…

April 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет загинати

Најмалку десет лица загинаа, а осум се повредени при уривање на зграда во главниот град на Египет, објавија државните медиуми.…

February 17, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Дали Путин навистина има двојник?

Промената на изгледот на Владимир Путин, претседателот на Русија, и неговата наводна употреба на филери и ботокс низ годините поттикнаа…

May 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?