Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авионот што наводно го превезувал сирискиот претседател исчезнал од радарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Авионот што наводно го превезувал сирискиот претседател исчезнал од радарите
СВЕТ

Авионот што наводно го превезувал сирискиот претседател исчезнал од радарите

Објавено December 8, 2024 11:51
Сподели
Сподели

Последниот авион што полета од Дамаск, пред сириските бунтовници да го преземат градот, исчезна од радарите веднаш по полетувањето над градот Хомс, кој е под контрола на бунтовниците, објавија веб-страници за следење летови, пренесува „Ал Џезира“.

Претходно, западни медиуми, повикувајќи се на неименувани воени команданти, јавија дека сирискиот претседател Башар ал Асад утрово со авион избегал од Дамаск на непозната локација.

Според медиумите, Асад се качил во авион „Иљушин 76“ на „Сиријан ер“ со број на лет 9218. Информативниот портал „Вала“ наведува дека, според неименуван израелски функционер, Асад синоќа полетал од Дамаск до руската воздухопловна база Хмеимим, со намера оттаму да продолжи кон Москва.

Овој израелски функционер се повика на наводните сознанија од американски официјални лица дека Асад го напуштил Дамаск со намера „да побегне во Русија“.

Сириските опозициски сили денеска објавија дека го презеле Дамаск. Лидерот на опозицијата, Абу Мохамед ал Џулани, нагласи дека јавните институции ќе останат под надзор на поранешниот премиер до официјалното предавање на власта.

Премиерот Мохамад Гази ал Џалали изјави дека останува во Дамаск и е подготвен за соработка со опозицијата за функционирање на јавните институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во приватни градинки немало хигиена, Агенцијата за храна парично ги казни
Следна Статија Мицкоски: Трет квартал раст на БДП 3%, резултати едни од најдобрите во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Турција ќе отстрани милиони кучиња скитници по смртта на двегодишно девојче

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска вети дека целосно ќе го спроведе контроверзниот закон за отстранување милиони кучиња…

March 9, 2025
СВЕТ

Почина поранешниот емир на Катар, човекот чие владеење го означи подемот на земјата

Поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал-Тани, почина на 74-годишна возраст, објави официјалната служба на земјата „Амири Диван“.…

July 12, 2026
СВЕТ

ЕУ договори заем од 90 милијарди евра за Украина по неуспехот на планот за замрзнати руски средства

Парите ќе бидат позајмени од буџетот на блокот откако лидерите не успеаја да се договорат за предлогот кој користи московски…

December 20, 2025
СВЕТ

Бил Клинтон хоспитализиран

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?