Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија
МАКЕДОНИЈА

Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија

Објавено February 20, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Андреј Жерновски е отповикан од должноста амбасадор во Романија. Како што објави Жерновски, без никаква претходна најава, информацијата ја дознал неформално по нејзината објава во „Службен весник“.

– Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во „Службен весник“ дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. Трагикомично! По 192 дена откако ме вратија на „консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата, објави Жерновски на својот Фејсбук профил.

Указот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за отповикување на Жерновски е од 14 февруари годинава.

Жерновски како кандидат за нов амбасадор во Романија се претстави пред собраниската Комисија за надворешна политика во ноември 2023 година, а акредитивните писма, официјално ги предаде во март 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сметководителите ќе може да ги потпишат завршните сметки, уверува министерката Димитриеска Кочовска
Следна Статија ВРЕДИ: Синот на Буши вработен во М-НАВ, Алими таму има три роднини и снаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Димитровска: Констатиравме дека картата на синот на премиерот НЕ е платена со државни пари

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Заедно со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти, ќе се гради автопатот од Прилеп до Фариш

Власта активно работи да се завршат големите инфраструктурни проекти, експресниот пат Градско, преку Дреново и Фариш, како и автопатот од Прилеп…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници (РБГ). За разлика…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?