Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори
ПОЛИТИКА

Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори

Објавено August 18, 2025 18:23
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник и екс-амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, смета дека Македонија е во политичка криза и дека владата е нефункционална бидејќи нема Бадинтерово мнозинство, така што неговите очекувања се по локалните да има и вонредни парламентарни избори.

„Изминатиов викенд и дефинитивно стана јасно дека, во мугрите на одржувањето на локалните избори, предвремени парламентарни избори во нашата земја стануваат неопходност. Владејачкото мнозинсто е светлосни години далеку од потребното Бадентеровото мнозинство, што само по себе е индикатор за постоење на политича криза и доказ дека големиот број на пратеници кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ не значи ништо ако не се поседува квалитет за менаџирање на политичките процеси. Навидум стабилните бројки во парламентот не значат и стабилен систем.

Одлуките за кои ќе биде неопходно мнозинство гласови од заедниците тропаат на врата, при што за неможноста и неможноста да се избере Народен правобранител, Брисел веќе губи трпение.

Саботниот дебакл на владејачката коалиција во Собранието недвосмислено покажа дека претстои период на реална нефункционалност и дека се разнишани ‘стабилните’ темели што премиерот тврдеше дека ги изградил во првата година од неговиот мандат. Ако се ова тие темели за иднината, тогаш е јасно дека со оваа и ваква влада, Македонија нема никаква иднина. Токму затоа, иако се подготвува за локалните, очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредните парламентарни избори“, пишува Жерновски на социјалните мрежи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Независната кандидатка Билјана Ивановска утре ќе оди на распит во Обвинителството
Следна Статија (ВИДЕО) Кучето кое беше врзано и влечено со автомобил во Крива Паланка е згрижено во ЈП „Лајка“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен, претставува нов удар врз македонските позиции од…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата

Денеска и утре учествувам на состанокот на министри за одбрана на НАТО Алијансата кој ќе се реализира во неколку сесии,…

October 17, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Да влеземе прво во град Скопје, имаме многу работи да решиме

Граѓаните да излезат масовно на локалните избори, за да влеземе што поскоро во град Скопје и да ги решаваме работите,…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски потсети: Има 14 пресуди на Судот за човекови права со кои што Бугарија се обврзува да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин

Премиерот Мицкоски нагласи дека уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ и потсети дека и источниот сосед има обврски кои мора да ги…

June 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?