Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски се засекира за рејтингот на ВМРО ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Жерновски се засекира за рејтингот на ВМРО ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Жерновски се засекира за рејтингот на ВМРО ДПМНЕ

Објавено August 13, 2025 18:03
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради падот од 130.000 гласа, тврди амбасадорот Андреј Жерновски во пост на социјалните мрежи.

-Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да започне далеку пред законски пропишаните рокови.

Зачудени се од паничниот аудио и видео сигнал кој го емитира Мицкоски. Целиот во грч, со избезумен лик и пискав глас, почна да нуди и ветува се’ и сешто, при што забележителна е неговата “стручност и експертиза” во познавањето на економијата. Најновата теза дека “цените растат затоа што се покачени платите”, молскавично влезе во богатата ризница на тропнати бисери изустени од македонски политичари.

Сепак, причината е многу подлабока.Во партија му е презентирана најновата анкета која е направена по негова нарачка и изведена од добро познатата (про)вмровска агенција. Бројките се немилосрдни:За само година дена, ВМРО-ДПМНЕ бележи пад од цели 130.000 гласа!

Ваков драматичен пад е најголемиот што било која партија на власт го има доживеано во поновата македонска историја, односно од почетокот на повеќепартискиот систем.
Тоа е, всушност, вистинската причина за ваквото издание на Мицкоски. Затоа, треба да се подготвиме за уште посилни ветувања, на кои се’ помалку луѓе ќе му веруваат.

Следат нови барања на виновноци, за чија потреба прстот, традиционално, ќе биде вперен кон опозицијата и кон меѓународниот фактор. Сите ќе бидат виновни, освен самата власт, зошто граѓаните се соочуваат со неподносливото, досега невидено дивеење на цените, со кој негативен тренд никој, ама баш никој во владата нема знаење и умеење како да се справи.

Очигледно на граѓаните веќе им станува јасно каква влада денеска има Македонија, која згора на се’, нема никаква намера да се погледне во огледало“, оценува Жерновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студентите во блокада во Србија најавија собири за вечерва во Белград и во многу градови во државата
Следна Статија УНИЦЕФ со пофалби за новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта, изјави денеска Петар Огњеновиќ,…

December 27, 2025
ПОЛИТИКА

ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа

Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и…

May 1, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова и Мојсова најавија наплата на паркингот за гости во Карпош

Кандидатките за градоначалнички на Скопје и на Карпош од СДСМ, Каја Шукова и Маја Мојсова, од Млечен ресторан денес најавија…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: На Ахмети му преседнаа кексите и гурабиите

Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот кај Лазаров му порача на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека ќе му преседнат кексите…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?