Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
ПОЛИТИКА

ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа

Објавено May 1, 2025 09:49
Сподели
Сподели

Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам, се наведува оценката на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со земјава, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли.

Во оценката направена по посетата на земјава посветена на проценка на реформата во судството и изборната рамка, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и правата на малцинствата, Арслан и О’Рајли го поздравуваат напредокот постигнат во исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството на државата во Советот на Европа.

Задоволни сме од напредокот постигнат од Македонија од последната Резолуција на ПССЕ за пост-мониторинг дијалогот во 2019 година, наведоа двајцата коизвестувачи.

Тие сепак, посочуваат дека се уште постои „итна потреба“ од реформа на изборната рамка во согласност со препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ и Венецијанската комисија на Советот на Европа.

Македонија е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална земја и може да послужи како модел за другите земји во промовирањето на културата и менталитетот на „заедничко живеење“. Ги повикуваме властите да продолжат на овој пат и да преземат понатамошни мерки за почитување на идентитетот, правата и потребите на сите етнички групи, потенцираат Арслан и О’Рајли.

Тие натаму оценуваат дека иако во земјава е постигнат одреден напредок во реформата на правосудството, сепак постои загриженост поради „бројните обвинувања за политизација на судството и широко распространета корупција низ целиот јавен сектор“, како и поради „недостиг на ефикасни мерки за борба против овие феномени“.

Арслан и О’Рајли во оценката ги повикуваат властите на земјава да ги засилат своите напори за справување со овие појави, преку усвојување на потребните законски измени во соработка со Советот на Европа и други меѓународни партнери.

Коизвестувачите изразуваат и загриженоста поради „лошите услови“ во некои притворски установи и ги повикуваат македонските власти без одлагање да ги спроведат преостанатите препораки на Комитетот против тортура на Советот на Европа.

Во меѓувреме, целосно ја поддржуваме кандидатурата на земјата за членство во ЕУ и ги повикуваме сите политички партии да најдат компромис за спроведување на „францускиот предлог“ со вклучување на бугарското етничко малцинство во Уставот, заклучија Арслан и О’Рајли.

За време на минатонеделната посета на земјава, коизвестувачите имаа средби со претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставници на сите пратенички групи, како и со членови на повеќе собраниски комисии и на делегацијата на Македонија во ПССЕ. Арслан и О’Рајли, исто така, се сретнаа и со министрите за надворешни работи и внатрешни работи, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски, со заменик-министерот за правда Ален Деребан, со судии на Врховниот и Уставниот суд, со претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, со народниот правобранител Насер Зибери, како и со јавни обвинители, членови на државните комисии за заштита на дискриминацијата и за спречување на корупција и на Државната изборна комисија избори, претставници на повеќе невладини организации и дипломати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
Следна Статија Во Црна Гора просечната нето плата достигна 1003 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сопругата на Османи има плата од 1.600 ЕВРА, а сестра му 3000 евра, ги лажеа Албанците за мали плати, а за своите ги вдомија потенцира Вреди

Партијата прогласена за Нон грата од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во државните институции – тие преку клевети…

September 3, 2025
ПОЛИТИКА

Албанец е основач на Охридската Архиепископија, тврди Ахмети

Лидерот на ДУИ продолжува со провокативните изјави сакајќи да докаже дека Албанците се староседелци во Македонија и на Балканот. Ние…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

„Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда“, велат од СДСМ

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не ги исполнил обврските што ги презел во рамките на Реформската агенда и дека…

May 30, 2026
ПОЛИТИКА

Му преседна кафето: Рубин Земон од СДСМ си поднесе оставка по средбата со Виктор Стојанов

Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од функцијата. – Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ…

May 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?