Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски се пофали со „ламбата“, граѓаните реагираа: „Се натпреварувате што сте направиле со наши пари, а знаете ли што се pm10 честички…“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Жерновски се пофали со „ламбата“, граѓаните реагираа: „Се натпреварувате што сте направиле со наши пари, а знаете ли што се pm10 честички…“
МАКЕДОНИЈА

Жерновски се пофали со „ламбата“, граѓаните реагираа: „Се натпреварувате што сте направиле со наши пари, а знаете ли што се pm10 честички…“

Објавено August 12, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски преку својот фејсбук профил сподели статус во кој се пофали за поставувањето на познатото светло „ламба“ во центарот на Скопје во близина на Рекорд, односно на италијанската амбасада.

„Нарачаа моиве хамбургер, нормално ме пратија мене. И додека чекам, си седнав тука. Кога го направивме ова катче во 2014-та, кооолкууу само се нервираа оние со стиропорот. Беше нешто сосема спротивно од нивниот барок. Беше модерно, убаво, урбано. И уште е“, искоментира Жерновски.

Сепак, на многумина од граѓаните оваа негова објава не им беше баш „симпатична“.

Еден револтиран граѓанин од загаденоста на градот и слабото справување со овој проблем напиша: „Дали Вие и тие со стиропорот знаете што се pm10 i pm2.5 честичките во воздухот? И Вие и тие што ве пратиле по хамбургер ги дишете истите, а се натпреварувате што сте направиле со наши пари. Само ние сме глупи, не вие!“

Друг граѓанин на кого ваквата објава му била веројатно цинична напиша „Целиот ваш мандат да се сведе на една ламба, секоја чест“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад
Следна Статија Целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар,…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Еве кои се пријавените кандидати за претседател на ДКСК, вкупно се 13

Тринаесет кандидати се пријавиле на огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), информираат од собраниската…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Молк по масакрот во Кичево кадешто беа убиени над 40 кучиња, активистите бараат истрага и одговори од градоначалникот Дехари

Активистите од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бараат одговори по ужасот во Кичево кога за само еден ден…

October 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?