Кошаркарот на НБА лигашот ЛА Клиперс, капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, беше почесен гостин на Фајналфорот на Евролигата во Абу Даби.
Богдан ги следеше натпреварите од завршнииот турнир на најсилното европско натпреварување веднаш до теренот во друштво на кошаркарските легенди Тони Паркер, Владо Дивац, Тони Кукоч …..
По кусиот престој во Абу Даби харизматичниот кошаркар се упатил за Белград бидејќи морал да продолжи со тренинзите по тенис.

Тоа на својот Инстаграм ја отрки неговата „жешка тренерка“ Маја Хутларовиќ, поранешна српска тенисерка, која денес работи како тренер по тенис.
Богдан Богдановиќ направил селфи со атрактивната Маја, која ја споделила фотографијата на својот профил. Некогашната тенисерка инаку важи за една од најатрактивните „учителки по тенис“, што го покажуваат и нејзините фотографии објавени на социјалните мрежи.
Инаку, српските медиуми открија и дека и Маја го следела завршниот турнир на Евролигата во монденскиот Абу Даби.