Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жешки капки од сунѓерот на „Пулс“ пронајдени на облеката на Андреј
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Жешки капки од сунѓерот на „Пулс“ пронајдени на облеката на Андреј
ХРОНИКА

Жешки капки од сунѓерот на „Пулс“ пронајдени на облеката на Андреј

Објавено May 6, 2026 17:24
Сподели
Сподели

Со докази на Обвинителството, продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Со вештачењата се открива дека дофатот на пиротехничките фонтани бил поголем од растојанието меѓу бината и плафонот во дискотеката „Пулс“, што, според Обвинителството, дошло до брзо ширење на пожарот. Овој податок беше еден од клучните што беа презентирани во судницата во „Идризово“, каде што се одвива судењето за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Јавното обвинителство изведе материјални докази од увидот во опожарениот објект, при што беа презентирани и фотографии од местото на несреќата. Пред судот беше прикажан фотоалбум со 92 фотографии што ја документираат состојбата по пожарот – од внатрешноста на клубот, позицијата на бината, до решетките на прозорците и оштетените делови од ентериерот.

Во доказниот материјал се вклучени и предмети пронајдени на местото на настанот: изгорен рисивер за активирање пиротехника, црн ранец со дополнителна опрема, батерии, како и неискористени пиротехнички средства. Обвинителството посочи дека во објектот биле најдени и три празни противпожарни апарати.

Според изнесеното, растојанието од бината до плафонот изнесувало околу 2,7 метри, што ја потврдува малата оддалеченост меѓу сцената и горните конструкции, нешто што можеше да се заклучи и од снимките пуштени на социјалните мрежи веднаш по несреќата. Во комбинација со пиротехничките ефекти, чиј дофат го надминувал тоа растојание, ризикот од запалување бил значително зголемен, докажуваат вина од ОЈО за вкупно 34 обвинети и три одговорни фирми.

Дополнително, во објектот биле присутни и лесно запаливи материјали како стиропор и первол, што, според обвинителите, придонело за брзото ширење на огнот. Вештачењето утврдило дека при согорување, сунѓерот испуштал жешки капки, кои биле пронајдени кај дел од жртвите, како и на облеката на пејачот Андреја Ѓорѓиевски.

Особено загрижувачки, како што беше посочено, биле и условите за евакуација. Во записникот се наведува дека во објектот имало ограничувачки и небезбедни излези – преградна двокрилна врата, странична врата без квака со заклучена брава, како и метални алки со заклучен катанец, што ги отежнувало движењето и евакуацијата на посетителите. Обвинителството нагласи дека пожарот настанал како последица на употребата на пиротехнички средства за време на настапот на групата ДНК. Присутните семејства кои седеа во задниот дел од судницата, одделени со стаклена преграда од обвинетите и од нивните адвокати, реагираа откако одбраната го оспори вештачењето на Институтот за судска медицина и побара изземање на дел од доказите. Судот, сепак, го одби ова барање како неосновано, по што доказната постапка продолжи.

На минатото рочиште сведочеше првиот човек на Судска медицина, Александар Станков, кој кажа дека 59 лица од загинатите во „Пулс“ починале како резултат на труење со јаглерод моноксид и недостаток на воздух, поради притисок на градите и стомакот и термичко оштетување на дишните органи. Според обдукцијата, четворица кои починаа во болници во странство и во земјава, животите ги загубиле како последица на изгорениците и на оштетувањето на белите дробови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Тед Тарнер – основачот на CNN
Следна Статија Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мајката на Вања не ги познава убијците, сопругот и барал да му препише еден стан

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на…

October 14, 2024
ХРОНИКА

Kривична пријава за полицаец во ПС Чаир: Се потпишал и подигнал 11 туѓи лични карти, биле на граѓани од Чучер Сандево

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

September 1, 2025
ХРОНИКА

Запалил стрниште и сува трева: Уапсен старец од Куманово

Денеска (06.06.2026) во 13:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Т.(81) од Куманово, поради…

June 6, 2026
ХРОНИКА

Глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?